Вчитување...
ЕДИПСОС (ЕВИЈА) - ВИЛА AСТЕРИА
Опис
Едипсос е мало и фамилијарно место. До плажата можете да стигнете многу лесно, нема многу патеки и кривини. Затоа ова е одлично место за семејства со деца. Можете лесно да возите низ улиците, да паркирате и да се симнете до плажата. Ова место било популарно дури и во античко време, затоа што се верувало дека изворите и термалните води што се наоѓаат тука, лекуваат апсолутно сè. Плажата е мала, а површината е песочна. Можете да користите свој пешкир, а исто така можете да ги користите и лежалките, доколку сакате. Она што најмногу ги привлекува туристите се термалните води кои се наоѓаат под карпите и течат директно во морето.
Вилите немаат сопствен паркинг. Може да паркирате во непосредна близина на објектите. Секоја вила има интернет. Агенцијата не сноси одговорност за брзината на интернетот, слабиот сигнал или технички проблеми и пречки кои може да се појават.
ВИЛА АСТЕРИА – ЕДИПСОС
Вила Астериа е една од поубавите вили во Едипсос. Се наоѓа на околу 100м од термалните извори и од плажа. Вилата располага со двокреветни и трокреветни студија на приземје и на кат. Секое студио е опремено со кујна и садови согласно бројот на кревети во собата, купатило, тв, клима и тераса (двор) и интернет. Вилата има рецепција, бар и лифт.
| СМЕНА | ПЕРИОД | НОЌЕВАЊА | АСТЕРИЈА-ЕДИПСОС |
| 1/3 стд | |||
| 1 | 23.05-30.05 | 7 | 140 |
| 2 | 30.05-06.06 | 7 | 150 |
| 3 | 06.06-13.06 | 7 | 180 |
| 4 | 13.06-20.06 | 7 | 200 |
| 5 | 20.06-27.06 | 7 | 220 |
| 6 | 27.06-04.07 | 7 | 240 |
| 7 | 04.07-11.07 | 7 | 270 |
| 8 | 11.07-18.07 | 7 | 270 |
| 9 | 18.07-25.07 | 7 | 290 |
| 10 | 25.07-01.08 | 7 | 290 |
| 11 | 01.08-08.08 | 7 | 290 |
| 12 | 08.08-15.08 | 7 | 290 |
| 13 | 15.08-22.08 | 7 | 280 |
| 14 | 22.08-29.08 | 7 | 280 |
| 15 | 29.08-05.09 | 7 | 260 |
| 16 | 05.09-12.09 | 7 | 240 |
| 17 | 12.09-19.09 | 7 | 220 |
| 18 | 19.09-26.09 | 7 | 170 |
ЦЕНИТЕ СЕ ИЗРАЗЕНИ ВО ЕВРА ЗА УПЛАТА ВО ДЕНАРИ (1ЕВРО=62МКД) Цените се по лице (7 ноќевања со превоз), трето и четвтро лице гратис сместување во студио, трето, четврто и петто лице гратис сместување во апартман!!! * За патување со сопствен превоз од цената се намалува 20 евра по лице. Доплата за превоз и траект ( за оние кои имаат гратси сместување) 65 евра за возрасни, 45 евра за деца до 12 години
- Превозот е со автобус или минибус и е до соодветното место за запирање согласно локалните сообраќајни услови.
- Секој патник има право на превоз на 1 парче багаж и 1 парче рачен багаж.
- Организаторот не гарантира превоз до самиот објект на сместување.
- Патниците самостојно го пренесуваат својот багаж од местото на запирање со објектот на сместување.
- Ги замолуваме патниците да бидат на местата за поаѓање 15 минути пред поаѓањето.Поради густиот сообраќај во текот на летната сезона можни се определени доцнења за кои однапред се извинуваме.
- Доколку патникот сака да бира седиште за истото се доплаќа 10 евра во правец ( освен седишта 1 и 2)
- За уплатени два едноподруго аранжмани 7+7 одобруваме 10% попуст на вториот аранжман,
- Попустите за рана уплата и 7+7 неможе да се комбираат
- Во студио/апартман е дозволено сместување на лица во согласност со предвидениот број на кревети, преку дозволениот капацитет може да се смести само едно дете до 6години.
- Во цената не е вклучена туристичка такса која се плаќа на лице место при сместување
- Во цената не е вклучено патничко здравствено осигурување.
НАПОМЕНА
- За уплата на аранжман преку синдикатите со кои имаме склучено договор за плаќање на рати попустот за време на попустите за рана уплата е фиксен 10%.
- Доколку се прави промена на аранжман уплатен со попуст, новиот договор се калкулира согласно редовниот ценовник и во периодот кога се во тек попустите за рана уплата.
- Сместувањето на првиот ден е по 14 часот и одјавувањето на последниот ден е во 9 часот,
- ТА Скаут не сноси никаква одговорност за квалитетот на интернер конекцијата во објектите.
- Фотографиите од сместувачкиот капацитет се од повеќе студиа, а не се селектирани по едно студио.
- Собите се чистат првиот ден при влез во објектот, гостите самостојно одржуваат хигиена за време на престојот. Последниот ден, гостите ги оставаат чисти садовите и го изнесуваат сметот од собите.
- Промена на чаршафи се врши првиот ден при влез во објектот, и евентуално по барање од гостинот доколку има потреба. Крпи или пешкири не се вклучени во услугата.
- Изборот на ТВ канали, опременоста на собите, кујните и тоалетите се разликува од објект до објект, при тоа се применуваат локалните стандарди за оптимална опременост на објекти за сместување..
- Организаторот на патувањето го задржува правото по пат на ultra first и last minute или друг тип на промоција да ги објави и продаде слободните капацитети по цени кои се разликуваат од оние кои се веќе објавени во ценовникот. Лицата кои го уплатиле аранжманот по редовен ценовник, немаат право на надомест на средства за разлика во цена.
- За резервација на понуда по редовна цена, 30 % од вредноста на аранжманот се уплатува во моментот на резервација, а остатокот 21ден пред поаѓање.
- Патникот во секој момент може да се откаже од аранжамот. Тоа се прави во писмена форма и согласно скалата која е објавена во општите услови за патување.
Во случај на отказ на аранжан кој е со попуст за рана уплата 50 % од сумата е неповратна а вториот дел од 50 % се задржуваат согласно скалата која е објавена во општите услови за патување