
Вчитување...
ZEPTER HOTEL ****
Опис
8 МАРТ ВРЊАЧКА бања
Хотел ZEPTER 4*
Врњачка бања се наоѓа во Централна Србија, со 7 минерални извори од кои 4 се користат за терапија( Топла вода,Снежник,Језеро,Слатина) , водата од останатите 3 извори се користи за флаширана како природна минерална вода
1.Ден 07.03.2025 СКОПЈЕ – ВРЊАЧКА БАЊА
Состанок на групата во 05.30 часот на паркингот кај спортска сала Борис Трајковски (кај пералните). Поаѓање во 06 часот. Патување со кратки паузи за одмор и царински формалности. Пристигнување и сместување во хотел. Прошетка до изворите, мостот на љубовта, паркот... Слободно попладне за индивидуални активности, користење на Спа центарот . Ноќевање.
2.Ден 08.03.2025 ВРЊАЧКА БАЊА
Појадок. Слободно време за индивидуални активности, одмор и релаксација во Спа Центарот . Организирана свечена вечера со музика ( факултативно) Ноќевање.
3.Ден 09.03.2024 ВРЊАЧКА БАЊА - СКОПЈЕ
Појадок. Напуштање на собите. Слободно време за индивидуални активности и прошетки до времето предвидено за заминување. Поаѓање за Македонија во 13.00 часот. Пристигнување во Скопје во вечерните часови.
Цена на аранжманот 139 евра (8.620,00)
Цени изразени во евра за уплата исклучиво во денарска противвредност по курс 1€/62ден
Во понудата е вклучено
- Превоз со туристички автобус на наведената релација.
- Сместување во 1/2, 1/3 соби во хотел Zepter4* на база 2 ноќевања – (појадок шведска маса ) (ТВ, Wi-Fi конекција, бањарки и фен за коса).
- Користење на Велнес Центар (затворен базен со минерална вода, џакузи, сауна и фитнес центар)
- Организација и реализација со туристички придружник.
Во понудата не е вклучено
- Туристичка такса 200 ден. Се плаќа во агенција
- свечена вечера 25 евра( Шведска маса+1 пијалок)
- патничко осигурување;
- Индивидуални трошоци
Попусти и Доплати
• Дете до 6.99 год. во придружба на 2 возрасни без кревет- бесплатно во хотел плаќа само превоз 35€/2.170ден.
• Дете од 7-12 год. 50% попуст
• Второ дете до 12 год. 50% попуст
• Две деца од 7-12 год со еден или двајца родители имаат 50% попуст
• Деца над 12 години плаќаат полна сума
• Доплата за еднокреветна 3.100,00 за две ноќевања
• Намалување за сопствен превоз -10€/620ден од патник
Реализација на понудата или откажување
- За реализација на патувањето потребен е минимум од 45 патници.
- За резервација потребна е задолжителна уплата на депозит од најмалку 30% доплата најдоцна до 2 недели пред поаѓање.
- Цените се дадени во евра за уплата исклучиво во денарска противвредност по курс 1€=62мкд.
- Цените се дадени по лице за сместување во двокреветни валидни за најмалку 2 лица во соба.
- Агенцијата го задржува правото за отказ на аранжманот најдоцна до 7 дена пред поаѓање доколку не е исполнет бројот на пријавени лица предвидени по програмата за ова патување.
- За ова патување важат Општите Услови за Патување на ТА Скаут.