Overview
30.12.2026. (среда)
Поаѓање во 21.00 часот од паркинг на СЦ Борис Трајковски, патуваме преку Косово, Албанија, ноќно возење со попатни одмори.
31.12.2026.(четврток)
Пристигнување во Сутоморе. Слободно време за одмор и прошетка. Вечерта предвидена забава и дочек на новата 2027 година на плоштад во Будва со познати музички звезди (организиран трансфер) – дочек со популатната звезда ЖЕЉКО ЈОКСИМОВИК. Во договорено време враќање во Сутоморе. Ноќевање.
Факултатива за 31.12 Котор – незаборавна забава со Здравко Чолиќ
01.01.2027. (петок)
Препорачуваме факултативна прошетка во Тиват – Порто Монтенегро, Котор и Будва. Првото место што се посетува е Тиват, кој е најмладиот град во заливот Бока. Градот е прилично мал и се наоѓа околу центарот и брегот. Главното шеталиште богато со палми е полно со ресторани и кафетерии, а преубавите јахти го прават ова место луксузно и доста атрактивно за туристите. кон развој на туризмот и град што станува од ден на ден повеќе привлечен за туристите. Слободно време за индивидуален разглед. Прошетката продолжува низ Котор Во Котор можете да го видите поморскиот музеј, катедралата Св.Трифун, црквата Св.Лука, Столбот на срамот, црквата Св.Никола. Слободно време за прошетка. Враќање во Сутоморе.
Забава на плоштад -во Будва.
Забава на плоштад -во Будва. Организиран превоз од Сутоморе, во договорено време враќање во Сутоморе.
Забава во БАР (факултатива) –со познатата звезда ДИНО МЕРЛИН.
02.01.2027. (сабота)
Можност за факултативна посета на Дубровник, кој преставува еден од најубавите стари градови на Медитеранот. Со своите плоштади, катедрали, фонтани и музеи, ги руши сите временски бариери и ја чува својата автентичност од 15. и 16. век. Од градските ѕидини се пружа незаборавен поглед на Островот Локрум и преубавотo Јадранско море. Слободно време за прошетка низ Дубровник. Враќање воСутоморе. Поаѓање повторно према центарот на Будва каде што забавата продолжува со познати музички имиња. Во договорено време враќање во Сутоморе.
Забава (индивидуално) со познати звазеди. Ноќевање.
03.01.2027. (недела)
Напуштање на собите. Поаѓање кон Македонија во 12.00 часот. Возење со попатни паузи. Пристигнување во Македонија во доцните вечерни часови.
ЦЕНА: 99ЕВРА
Included in the price
-превоз на наведената релација
-3 ноќевања во Сутоморе (приватно сместување)
-организација и реализација на патувањето
- претставник од агенција за време на целото патувањe
Not included in the price
-влезници за културно историските споменици
Факултатива за 31.12 Котор – незаборавна забава со Здравко Чолиќ 15 €-
-факултатива за 01.01.2027 Бар, забава со Дино Мерлин=10 €-
-индивидуални трошоци
- патничко -здравствено осигурување
-факултативна посета на Дубровник 35 евра
-факултативна посета на Котор и Тиват 20 евра
Discounts and supplements
Трансфер од Битола, Прилеп, Кавадрци, Неготино(Росоман кај бензинската пумпа), Велес
ПОПУСТИ И ДОПЛАТИ
*Доплата за еднокреветна соба 50%
*Попуст за деца до 10 години 30%
За ова патување важат општите услови за патување на ТА СКАУТ.
Организаторот на патувањето го задржува правото за измена на поедини содржини од програмата. За факултативните излети се потребни 25 патници.
Патувањето може да биде со валидна лична карта (за влез во Црна Гора) или пасош со важност најмалце три месеци пред истек
(за патници кои доаѓаат на факултатива во Дубровник)
Booking and cancellation terms
· За реализација на овој аранжман, потребен е минимум од 40 патници, во спротивно, крајниот рок за известување околу евентуален отказ на аранжманот е најкасно 5 дена пред датумот на поаѓање. Организаторот на патувањето го задржува правото за измена на редоследот на поедини содржини во програмата
· Патувањето може да биде со валидна лична карта РСМ (За влез во Црна Гора) или пасош со важност најмалце три месеци пред истек ( за патници кои доаѓаат на факултатива во Хрватска)
· Доколку дојде до непредвидена „виша сила“ за нереализирање на патувањето, поради новонастанати ситуации кои агенцијата не можела да ги предвиди, уплатените средства ќе бидат вратени на клиентот.
· Доколку патувањето се реализира според планираното и нема никакви пречки за негова реализација, а дојде до откажување од страна на патникот, тогаш откажувањето ќе се реализира во согласност со општите услови за патување.
· Должината на слободното време за индивидуални активности за време на програмата зависи од објективните околности.
· Агенцијата не учествува во организацијата на слободното време на патниците на местото.
· Доколку дојде до одредена штета или непредвидени трошоци поради непочитување на упаствата и напомените, организаторот на патувањето не сносува одговорност, туку целокупниот износ на штетата ги сносува патникот.
· ВАЖНО: Малолетните деца кои патуваат без еден родител потребно е да имаат согласност од вториот родител за поминување на граница или ако патуваат без родителите, мора да има заверена согласнот од двата родитела и да се во придружба на пратител при преминувањето на границата.
· Организаторот на патувањето го задржува правото преку акција или last minute понуда да ги продаде слободните капацитети по друга цена од претходната.
· Со оваа програма важат Општите услови на патување.