Опис
30.12.2026. (среда)
Поаѓање во 21.00 часот од паркингот на СЦ Борис Трајковски, патуваме преку Косово, Албанија, ноќно возење со попатни одмори.
31.12.2026.(четврток)
Пристигнување во Будва и сместување. Слободено време за прошетка низ Будванската ривијера. Вечерта предвидена забава и дочек на новата 2027 година на плоштад во Будва со познати музички звезди (индивидуално) – дочек со популатната звезда ЖЕЉКО ЈОКСИМОВИК. Ноќевање.
Факултатива за 31.12 Котор – незаборавна забава со Здравко Чолиќ
01.01.2027. (петок)
Препорачуваме факултативна прошетка во Тиват – Порто Монтенегро и Котор.. Првото место што се посетува е Тиват, кој е најмладиот град во заливот Бока. Градот е прилично мал и се наоѓа околу центарот и брегот. Главното шеталиште богато со палми е полно со ресторани и кафетерии, а преубавите јахти го прават ова место луксузно и доста атрактивно за туристите. кон развој на туризмот и град што станува од ден на ден повеќе привлечен за туристите. Слободно време за индивидуален разглед. Прошетката продолжува низ Котор Во Котор можете да го видите поморскиот музеј, катедралата Св.Трифун, црквата Св.Лука, Столбот на срамот, црквата Св.Никола. Слободно време за прошетка. Забава на плоштад (индивидуално)-во Будва.
Забава во БАР (факултатива) –соДИНО МЕРЛИН.
02.01.2027. (сабота)
Можност за факултативна посета на Дубровник, кој преставува еден од најубавите стари градови на Медитеранот. Со своите плоштади, катедрали, фонтани и музеи, ги руши сите временски бариери и ја чува својата автентичност од 15. и 16. век. Од градските ѕидини се пружа незаборавен поглед на Островот Локрум и преубавотo Јадранско море. Слободно време за прошетка низ Дубровник. Враќање во Будва. Поаѓање повторно према центарот на градот каде што забавата продолжува со познати музички имиња. Ноќевање.
Забава (индивидуално) со познати звазеди. Ноќевање.
03.01.2027. (недела) Напуштање на собите. Поаѓање кон Македонија во 12.00 часот. Возење со попатни паузи. Пристигнување во Македонија во доцните вечерни часови.
ЦЕНА: 169евра
Во понудата е вклучено
-превоз на наведената релација
-3 ноќевања со појадок во хотел Грбаљ - Будва
-организација и реализација на патувањето
- претставник од агенција за време на целото патувањe
Во понудата не е вклучено
- факултативна посета на Котор и Тиват 20 евра
-факултативна посета на Дубровник 35 евра
- патничко -здравствено осигурување
-индивидуални трошоци
-факултатива за 31.12.2026 Котор, забава со Здравко Чолиќ=15 €
-факултатива за 01.01.2027 Бар, забава со Дино Мерлин=15 €
-влезници за културно историските споменици
Попусти и доплати
Трансфер од Прилеп, Кавадрци, Неготино(Росоман кај бензинската пумпа), Велес
ПОПУСТИ И ДОПЛАТИ
*Доплата за еднокреветна соба 50%
*Попуст за деца до 10 години 30%
За ова патување важат општите услови за патување на ТА СКАУТ.
Организаторот на патувањето го задржува правото за измена на поедини содржини од програмата. За факултативните излети се потребни 25 патници.
Патувањето може да биде со валидна лична карта (За влез во Црна Гора) или пасош со важност најмалце три месеци пред истек ( за патници кои доаѓаат на факултатива во Дубровник)
Реализација на понудата или откажување
· За реализација на овој аранжман, потребен е минимум од 40 патници, во спротивно, крајниот рок за известување околу евентуален отказ на аранжманот е најкасно 5 дена пред датумот на поаѓање. Организаторот на патувањето го задржува правото за измена на редоследот на поедини содржини во програмата
· Патувањето може да биде со валидна лична карта РСМ (За влез во Црна Гора) или пасош со важност најмалце три месеци пред истек ( за патници кои доаѓаат на факултатива во Хрватска)
· Доколку дојде до непредвидена „виша сила“ за нереализирање на патувањето, поради новонастанати ситуации кои агенцијата не можела да ги предвиди, уплатените средства ќе бидат вратени на клиентот.
· Доколку патувањето се реализира според планираното и нема никакви пречки за негова реализација, а дојде до откажување од страна на патникот, тогаш откажувањето ќе се реализира во согласност со општите услови за патување.
· Должината на слободното време за индивидуални активности за време на програмата зависи од објективните околности.
· Агенцијата не учествува во организацијата на слободното време на патниците на местото.
· Доколку дојде до одредена штета или непредвидени трошоци поради непочитување на упаствата и напомените, организаторот на патувањето не сносува одговорност, туку целокупниот износ на штетата ги сносува патникот.
· ВАЖНО: Малолетните деца кои патуваат без еден родител потребно е да имаат согласност од вториот родител за поминување на граница или ако патуваат без родителите, мора да има заверена согласнот од двата родитела и да се во придружба на пратител при преминувањето на границата.