БЕЧИЌИ - НОВА ГОДИНА 2027

Бечиќи , Црна Гора

Опис

Замислете го дочекот на Новата година покрај морето, со омилените песни, светлата на градот и магичната атмосфера на Стариот Град!

И оваа година, Црна Гора ве очекува со многу музика, забава и незаборавни моменти!

30.12.2026. (среда)

Поаѓање во 21.00 часот од паркингот на СЦ Борис Трајковски, патуваме преку Косово, Албанија, ноќно возење со попатни одмори.

31.12.2026. (четврток)

Пристигнување во Бечиќи , вила Палма и сместување. Слободено време за прошетка низ Црногорската ривијера. Вечерта предвидена забава и дочек на новата 2027 година на плоштад во Будва со познати музички звезди (индивидуално) – дочек со популатната звезда ЖЕЉКО ЈОКСИМОВИК. Ноќевање.

Факултатива за 31.12 Котор – незаборавна забава со Здравко Чолиќ

01.01.2027. (петок)

Појадок. Препорачуваме факултативна прошетка во Тиват – Порто Монтенегро и Котор.. Првото место што се посетува е Тиват, кој е најмладиот град во заливот Бока. Градот е прилично мал и се наоѓа околу центарот и брегот. Главното шеталиште богато со палми е полно со ресторани и кафетерии, а преубавите јахти го прават ова место луксузно и доста атрактивно за туристите. кон развој на туризмот и град што станува од ден на ден повеќе привлечен за туристите. Слободно време за индивидуален разглед. Прошетката продолжува низ Котор Во Котор можете да го видите поморскиот музеј, катедралата Св.Трифун, црквата Св.Лука, Столбот на срамот, црквата Св.Никола. Слободно време за прошетка. Забава на плоштад (индивидуално)-во Будва.

Забава во БАР (факултатива) –со ДИНО МЕРЛИН.

02.01.2027. (сабота)

Појадок. Можност за факултативна посета на Дубровник, кој преставува еден од најубавите стари градови на Медитеранот. Со своите плоштади, катедрали, фонтани и музеи, ги руши сите временски бариери и ја чува својата автентичност од 15. и 16. век. Од градските ѕидини се пружа незаборавен поглед на Островот Локрум и преубавотo Јадранско море. Слободно време за прошетка низ Дубровник. Враќање во Будва. Поаѓање повторно према центарот на градот каде што забавата продолжува со познати музички имиња. Ноќевање.

Забава (индивидуално) со познати звазеди. Ноќевање.

03.01.2027. (недела)

Појадок. Напуштање на собите. Поаѓање кон Македонија во 12.00 часот. Возење со попатни паузи. Пристигнување во Македонија во доцните вечерни часови.


ЦЕНА: 139евра


Во понудата е вклучено


-превоз на наведената релација

-3ноќевања со појадок во вила Палма - Бечиќи ( сместување во 1/2,1/3,1/4 соби)

-организација и реализација на патувањето

- претставник од агенција за време на целото патувањe


Трансфер од Прилеп, Неготино(Росоман кај бензинската пумпа), Велес

Во понудата не е вклучено

-факултативна посета на Котор и Тиват 20 евра

-факултативна посета на Дубровник 35 евра

- патничко -здравствено осигурување

-индивидуални трошоци

- туристичка такса 5 евра по лице

-факултатива за 31.12.2026 Котор, забава со Здравко Чолиќ=15 €

-факултатива за 01.01.2027 Бар, забава со Дино Мерлин=15 €

-влезници за културно историските споменици


Попусти и доплати

*Доплата за еднокреветна соба 50%

*Попуст за деца до 12 години 30%

За реализација на ова патување потребен е минимум од 40 патници.

За ова патување важат општите услови за патување на ТА СКАУТ.


Организаторот на патувањето го задржува правото за измена на поедини содржини од програмата. За факултативните излети се потребни 25 патници.


Патувањето може да биде со валидна лична карта (За влез во Црна Гора) или пасош со важност најмалце три месеци пред истек ( за патници кои доаѓаат на факултатива во Дубровник)


од / по лице 139 €