Опис
Најтрадиционалниот симбол што ќе го најдете во Грција за време на Божиќните празници е мал дрвен брод украсен со светликави ламбички. Бродот го симболизира поморскиот идентитет на земјата и е своевидно добредојде на морнарите кои се враќаат дома за да го прослават Божиќ со своите семејства. Китењето на Божиќното дрвце не е традиционален обичај, но и покрај тоа што го има во сите грчки домови сепак не успева да го истисне обичајот кој од пред една деценија започна да се возобновува во Солун каде на плоштадот Аристотелис беше поставен огромен брод украсен со сино-бели светилки… Традицијата сеуште е задржана во Кавала, градот распослан на морето каде секоја година се украсува малиот брод поставен на централното пристаниште …
Ден 1: 05.12.2026 (сабота)
Состанок на групата во 04:30ч од Скопје и поаѓање во 05:00 часот. Патување преку граничен премин Богородица со попатни паузи за одмор и царински формалности. Пристигнување во Кавала во пладневните часови и сместување во хотел. Краток разглед на градот. Се посетува стариот град, аквадуктите, тврдината... Слободно време за индивидуални активности. Вечерта факултативна вечера во ресторан во Кавала. Враќање во хотел. Ноќевање.
Ден 2: 06.12.2026 (недела)
Појадок. Во договореното време заминување( факултативно) на групата кон Драма, градот со неверојатна природна убавина која се отсликува и преку неговото име што значи воден парк. Тука, во самиот град кој особено оживува за време на Божиќните празници, на површина од околу 20.000 метри квадратни се наоѓа Oneiroupoli, градот од соништата кој со години е вистинска атракција и едно од трите места во Грција кои задолжително треба да ги посетите за време на Божиќните празнувања. Тука е целата тематска Божиќна приказна прикажана на едно место: Дрвената куќичка на Дедо Мраз заедно со занаетчиските работилници, куќата на самовилите, божиќните штандови со специјално осветлување на кои се продаваат автентични и рачно изработени сувенири и подароци… Градот живее во овој период од годината и за децата и за возрасните и ги повикува на волшебно патување во светот на бајките нудејќи весело расположение, музички концерти и претстави, вкусна храна и пијалоци… Дефинитивно, еден од најубавите божиќни настани во Грција! Во вечерните часови враќање во хотелот во Кавала. Ноќевање.
Ден 3: 07.12.2026 (понеделник)
Појадок, по појадокот се упатуваме во центарот на Солун. Слободно време (3 часа) за индивидуални активности. Во попладневните часови и во договореното време поаѓање кон Македонија.
ЦЕНА 149 евра ( 9.240,00)
Во понудата е вклучено
Превоз на дадената релација
2 ноќевања со појадок во хотел 3* во Кавала
Организација на патувањето и пратител
Во понудата не е вклучено
Посета на Драма и Божиќниот маркет - 15 евра
Вечера во ресторан
Туристичка такса 3 евра по соба( се плаќа во автобус кај пратителот)
Патничко осигурување
Доплата за еднокреветна соба 40 евра
Попусти и доплати
• За реализација на аранжманот потребен е миниум од 40 патници во спротивно организаторот може да ја откаже турата до пет дена пред тргнувањето
• За резервација задолжителна е уплата од 30% од вкупната сума и доплата најдоцна 10 дена пред поаѓање
• За ова патување потребен е валиден биометриски пасош со важност мин. 3 месеци од денот на патувањето со С. Македонија.
• Доколку патникот сака да резервира одредено седиште, при уплатата во агенцијата може да доплати 10 евра по лице и да бира седиште (освен првиот ред, кој е резервиран за персоналот)
• Патниците се должни за цело време траење на патувањето да внимаваат на својата безбедност и на безбедноста на цела група и да ги почитуваат правилата и препораките дадени од страна на водичот.