Magio Studios - Неос Мармарас

Ситонија, Грција

Опис


Неос Мармарас е едно од најпознатите летувалишта на вториот крак на Халкидики – Ситонија, познато по прекрасната природа, кристално чистото море и автентичниот медитерански амбиент.

Ова шармантно приморско место нуди совршена комбинација од релаксација, забава и уживање. Покрај прекрасните песочни плажи, посетителите можат да уживаат во бројните ресторани, традиционални таверни, кафулиња, барови и продавници, како и во пријатните вечерни прошетки низ живописните улички на местото.

Во близина на Неос Мармарас се наоѓаат некои од најубавите плажи на Ситонија, како што се Paradise Beach, Lagomandra Beach, Kalogria Beach, Agia Kyriaki и Spathies Beach, познати по тиркизната вода и прекрасниот природен амбиент.

Без разлика дали барате мирен семеен одмор, романтични прошетки или лето исполнето со забава, Неос Мармарас е одличен избор за незаборавен летен одмор!

Неос Мармарас – вистинското место за уживање во летото, сонцето и кристално чистото море!


Magio Studios Неос Мармарас

Вилата се наоѓа на само 50 метри од брегот и на околу 130 метри од првите плажи на најголемата и најубавата градска плажа Неос Мармарас. На приземјето од вилата Магио има добро опремен супермаркет, а на неколку чекори Магио пекара и таверна за гиро. Исто така, во непосредна близина има продавници за сувенири, слаткарници, ресторани и барови.

Студијата се наоѓаат на првиот и вториот кат и се состојат од француски кревет со димензии 200×140 см или два стандардни единечни кревети, ТВ/КАТ, клима уред (користењето е бесплатно), ноќна масичка, гардеробер, како и кујнски простор кој е целосно опремен со садови, шпорет со две плочи, фрижидер, вентилатор. Бањите имаат туш/тоалет.

Студио број 102 е двокреветно и се наоѓа на прв спрат, има страничен поглед на море.

Студио број 104 е двокреветно и се наоѓа на прв спрат, има страничен поглед на море.

Студио број 202 е двокреветно и се наоѓа на втор спрат, има директен поглед на море.

Студио број 204 е двокреветно и се наоѓа на втор спрат, има страничен поглед на море.



СМЕНАПЕРИОД1/2 СТД
116.05-23.05299
223.05-30.05375
330.05-06.06524
406.06-13.06671
513.06-20.06899
620.06-27.06956
727.06-04.07929
804.07-11.07998
911.07-18.071032
1018.07-25.071109
1125.07-01.081109
1201.08-08.081169
1308.08-15.081169
1415.08-22.081169
1522.08-29.081109
1629.08-05.09884
1705.09-12.09671
1812.09-19.09479
1919.09-26.09344



Во понудата е вклучено

Сместување во Студио за 7 ноќи (НАЕМ)

Клима уред

Во понудата не е вклучено

Патничко осигурување

Турситичка такса по соба

-Превоз Скопје,Велес,Неготино и Гевгелија за возрасен повратен билет 60 еур / 55 еур во еден правец

-Превоз за дете до 11.99год. повратен билет 50Еур / 45 еур во еден правец

Попусти и доплати

-Термините во табелата се денови на започнување на аранжманот.

-Цените се изразени во евра, а уплата се врши исклучиво во денарска противвредност (1еур=62мкд).

-Во апартманите дозволено е сместување на лица, согласно бројот на кревети.

-Над дозволениот број, може на дополнително барање, да се смести максимум едно дете до 5.99год.

-Кога се цените ПРОМО за уплата на два последователни термини, се рачунат две промо цени.

-За споен термин по редовните цени, на вториот термин се добива 10% попуст

-Попустите Не се комбинираат.

-Организаторот на патувањето го задржува правото по пат на Ultra First или Last minute понуда, по цени кои се разликуваат од оние кои се објавени во ценовникот.

-Патничко осигурување е задолжително и не е вклучено во цена.

-Сместување во собите е по 14.00час.-локално време, а напуштање на истите е во 09.00час.

-По завршување на летувањето, должни сте да го оставите апартманот во чиста состојба.

-Доколку е за време на престојот, истата се надоместува на лице место кај сопственикот на вилата.

-Во цената е вклучено користење на Wi-Fi (организаторот не гарантира за квалитетот на интернетот).

-Патникот има обврска да ја провери важноста и исправноста на патните исправи, поради кое не може да се направи промена на термин.

-За време на патувањето ќе бидат запазени сите протоколи, задолжителна дезинфекција и одржување.

-За ова патување важат општите услови на Т. А. Ескејп Травел и Скаут


-ВО СЛУЧАЈ НА ПРОМЕНА НА ПАТНИК, СЕ ЗАДРЖУВА 15 ЕВРА ОД НАПРАВЕНАТА УПЛАТА.

од / по лице 299 €