Опис
Неос Мармарас е едно од најпознатите летувалишта на вториот крак на Халкидики – Ситонија, познато по прекрасната природа, кристално чистото море и автентичниот медитерански амбиент.
Ова шармантно приморско место нуди совршена комбинација од релаксација, забава и уживање. Покрај прекрасните песочни плажи, посетителите можат да уживаат во бројните ресторани, традиционални таверни, кафулиња, барови и продавници, како и во пријатните вечерни прошетки низ живописните улички на местото.
Во близина на Неос Мармарас се наоѓаат некои од најубавите плажи на Ситонија, како што се Paradise Beach, Lagomandra Beach, Kalogria Beach, Agia Kyriaki и Spathies Beach, познати по тиркизната вода и прекрасниот природен амбиент.
Без разлика дали барате мирен семеен одмор, романтични прошетки или лето исполнето со забава, Неос Мармарас е одличен избор за незаборавен летен одмор!
Неос Мармарас – вистинското место за уживање во летото, сонцето и кристално чистото море!
Ridos House – Неос Мармарас
Вилата Ридос располага со студиа на приземје,први и втор кат сите соби имаат балкон, голем „смарт“ телевизор и Wi-Fi. Исто така, опремени се со мала кујна која содржи фрижидер со замрзнувач, керамичка плоча за готвење, аспиратор, како и прибор за подготовка на храна и кафе и прибор за јадење.Креветите се пространи, со ширина од 1,60 м, а покрај нив има убави ноќни масички и ламби за читање со можност за полнење мобилни телефони.Сите соби располагаат со пространи и високи плакари и се опремени со инвертер клима-уреди. Објектот се наоѓа на 10 метри од брегот и на 100 метри од големата плажа во Неос Мармарас.
Опис на собите
Студио Д2 се наоѓа на приземје. Ова студио дели заедничка тераса и заден двор со друго студио. Тука се наоѓа простор за скара долг околу 5 метри, опремен со печка, мијалник и трпезариска маса за 10-12 лица. Исто така, има 4 дрвени лежалки со помошни масички, како и аголна дрвена гарнитура за седење. Студиото е приближно 35 м² .Опремено е со голема кујна и гардеробер со должина од 1,60 метри. Бањата располага со туш со двојни столбови. Во предниот дел се наоѓа дневниот простор со кревет и софи. Можат да се сместат до 4 лица.
Студијата со број 102 и 104 се наоѓаат на прв спрат и се две идентични соби свртени кон задниот двор, уредени според принципите на модерниот дизајн. Во секоја од нив може да смести до 4 лица – две возрасни на брачниот кревет и 2 деца до 11,99години на софата на развлекување.
Студио 202 се наоѓа на втор спрат и е свртено кон задниот двор, уредено според принципите на модерниот дизајн. Во студиото може да сместат до 4 лица – две возрасни на брачниот кревет и 2 деца до 11,99 години на софата на развлекување.во него може да се сместат 2 возрасни лица и 2 деца до 11, 99 години.
Собата 201 е мезонет (апартман на две нивоа). Се наоѓа на 2 спрат. На долното ниво има балкон и пространа дневна соба со импресивна аголна гарнитура, која може да се развлече и на неа да спијат најмалку 2 лица. Исто така, тука се наоѓаат голема кујна, трпезариска маса, голем телевизор и импресивна бања. На горното ниво од мезонетите се наоѓа брачен кревет, како и аголна гарнитура, голем телевизор и голем плакар. Просторот е покриен со дрвен таван (од топола) и е осветлен и проветрен преку страничен прозорец. Во мезонетот можат да спијат 4 возрасни лица и две деца до 11,99 години.
| СМЕНА | ПЕРИОД | 1/2+2 GF | 1/2+2 | MASONET |
| 1 | 16.05-23.05 | 304 | 327 | 363 |
| 2 | 23.05-30.05 | 383 | 411 | 456 |
| 3 | 30.05-06.06 | 534 | 574 | 637 |
| 4 | 06.06-13.06 | 684 | 735 | 816 |
| 5 | 13.06-20.06 | 916 | 985 | 1094 |
| 6 | 20.06-27.06 | 978 | 1051 | 1167 |
| 7 | 27.06-04.07 | 947 | 1018 | 1130 |
| 8 | 04.07-11.07 | 1019 | 1095 | 1216 |
| 9 | 11.07-18.07 | 1053 | 1132 | 1256 |
| 10 | 18.07-25.07 | 1131 | 1215 | 1349 |
| 11 | 25.07-01.08 | 1131 | 1215 | 1349 |
| 12 | 01.08-08.08 | 1192 | 1281 | 1422 |
| 13 | 08.08-15.08 | 1192 | 1281 | 1422 |
| 14 | 15.08-22.08 | 1192 | 1282 | 1423 |
| 15 | 22.08-29.08 | 1131 | 1215 | 1349 |
| 16 | 29.08-05.09 | 901 | 969 | 1079 |
| 17 | 05.09-12.09 | 684 | 735 | 816 |
| 18 | 12.09-19.09 | 342 | 525 | 582 |
| 19 | 19.09-26.09 | 350 | 377 | 418 |
Во понудата е вклучено
- Сместување во Студио за 7 ноќи (НАЕМ)
- Клима уред
Во понудата не е вклучено
- Патничко осигурување
- Турситичка такса по соба
- -Превоз Скопје,Велес,Неготино и Гевгелија за возрасен повратен билет 60 еур / 55 еур во еден правец
-Превоз за дете до 11.99год. повратен билет 50Еур / 45 еур во еден правец
Попусти и доплати
-Термините во табелата се денови на започнување на аранжманот.
-Цените се изразени во евра, а уплата се врши исклучиво во денарска противвредност (1еур=62мкд).
-Во апартманите дозволено е сместување на лица, согласно бројот на кревети.
-Над дозволениот број, може на дополнително барање, да се смести максимум едно дете до 5.99год.
-Кога се цените ПРОМО за уплата на два последователни термини, се рачунат две промо цени.
-За споен термин по редовните цени, на вториот термин се добива 10% попуст
-Попустите Не се комбинираат.
-Организаторот на патувањето го задржува правото по пат на Ultra First или Last minute понуда, по цени кои се разликуваат од оние кои се објавени во ценовникот.
-Патничко осигурување е задолжително и не е вклучено во цена.
-Сместување во собите е по 14.00час.-локално време, а напуштање на истите е во 09.00час.
-По завршување на летувањето, должни сте да го оставите апартманот во чиста состојба.
-Доколку е за време на престојот, истата се надоместува на лице место кај сопственикот на вилата.
-Во цената е вклучено користење на Wi-Fi (организаторот не гарантира за квалитетот на интернетот).
-Патникот има обврска да ја провери важноста и исправноста на патните исправи, поради кое не може да се направи промена на термин.
-За време на патувањето ќе бидат запазени сите протоколи, задолжителна дезинфекција и одржување.
-За ова патување важат општите услови на Т. А. Ескејп Травел и ТА Скаут
-ВО СЛУЧАЈ НА ПРОМЕНА НА ПАТНИК, СЕ ЗАДРЖУВА 15 ЕВРА ОД НАПРАВЕНАТА УПЛАТА.