logo icon
Вчитување...

ВИЛА УЈВАРА – КСАМИЛ, АЛБАНИЈА

Албанија, Ксамил

Опис

ВИЛА УЈВАРА – КСАМИЛ, АЛБАНИЈА


GPS координати: 39.77088840504681, 20.00200401174155

Ксaмил е место со прекрасни егзотични плажи и величенствено тиркизно море на ривиерата на Јужна Албанија. Затоа, ставете го Ксамил во прв план за вашиот следен одмор и нема да зажалите бидејќи ќе уживате во одлична храна, долги сончеви денови, пливање и рибарење ... и покрај големата побарувачка и посетеност сепак сето тоа го добивате за разумна цена, за разлика од другите познати туристички места.
Островите се приказна за себе. Една од плажите е оддалечена нецели 100 метри од најблискиот остров, па до него може да стигнете со пливање. Островот нема плажа, има неколку лежалки на сплав, но задоволството да се исплива до островот е и повеќе од доволно. До пооддалечениот остров секојдневно пловат моторни чамци. Погледот вреди милиони, тивкиот ветер и мирното море кое ви дава спокојство е вистинско место за уживање и релаксација. Зајдисонцето пак, ќе ве остави без здив. Топлите портокалови зраци кои полека го најавуваат крајот на летото ќе ве остават без здив. Вила Ујвара се наоѓа на 200 метри од прекрасната плажа Bora Bora и на околу 100 метри од центарот на Ксамил. Располага со двокреветни, трокреветни и четирикреветни студиа на спрат, опремени со сопствена кујна, купатило, балкон, клима (вклучена во цената), WI-FI. Вилата поседува и базен кој што можите да го користите и бесплатен паркинг.

25% попуст за сите термини во Јуни за резервација до 31.12.2025 и целосна уплата до 31.01.2026

За сите останати термини:
20% попуст за резервација до 31.12.2025 и целосна уплата до 31.01.2026
15% попуст за резервација до 31.01.2026 и целосна уплата до 28.02.2026
10% попуст за резервација до 28.02.2026 и целосна уплата до 31.03.2026
05% попуст за резервација до 30.04.2026 и целосна уплата до 30.05.2026

ВИЛА UJVARA
Термин Ноќевања 1/2 студио 1/3 студио 1/4 студио 1/2 соба 1/3 соба 1/4 соба
1 30.05 - 06.06 7 159 179 199 149 169 189
2 06.06 - 13.06 7 189 209 229 179 199 219
3 13.06 - 20.06 7 269 289 309 259 279 299
4 20.06 - 27.06 7 299 319 339 289 309 329
5 27.06 - 04.07 7 359 389 419 349 379 409
6 04.07 - 11.07 7 409 439 459 399 429 449
7 11.07 - 18.07 7 439 459 479 429 449 469
8 18.07 - 25.07 7 439 459 479 429 449 469
9 25.07 - 01.08 7 439 459 479 429 449 469
10 01.08 - 08.08 7 439 459 479 429 449 469
11 08.08 - 15.08 7 439 459 479 429 449 469
12 15.08 - 22.08 7 419 439 459 409 429 449
13 22.08 - 29.08 7 389 409 429 379 399 419
14 29.08 - 05.09 7 289 309 329 279 299 319
15 05.09 - 12.09 7 269 289 309 259 279 299
16 12.09 - 19.09 7 189 209 229 179 199 219
17 19.09 - 26.09 7 159 179 199 149 169 189


Напомени:


• Патниците имаат можност за доплата за појадок (шведска маса) по цена од 10 евра на ден по лице.
• Патниците имаат можност за доплата за лежалки на плажата Blue Diamond Beach и Maestro Beach кои што се во сопственост на вила Ујвара по цена од 10 евра за две лежалки и чадор на ден.
• За аранжманите купени со попуст НЕ Е дозволено: промена на дата, име и презиме на патниците по извршената уплата, во случај на промена важат редовните цени и се доплаќа до износот;
• Деца до 5.99 години дозволено да спие со родител на еден кревет;
• Климата е вклучена во цената;
• Собите се преземаат во 12:00 часот, а се напуштаат во 08:00 часот по локално време;
• За хигиената на собите се грижат гостите;
• За промена на постелнината се грижи одговорно лице на барање на гостите.

Превоз:


ЦЕНА ЗА ПРЕВОЗ од Скопје за Ксамил преку Грција:
• Скопје (Дрводекор) - 70€ по лице
• Штип (паркинг пред пошта) - 85€ по лице
• Велес (бензинска пумпа, Макпетрол кружен тек) - 70€ по лице
o Деца од 2-11,99год: -10еур од цената на возрасен

ЦЕНА ЗА ПРЕВОЗ од Битола за Ксамил преку Грција:
• Битола (Транскоп) - 60€ по лице
• Прилеп (бензинска пумпа Luk Oil) - 60€ по лице
• Струга (Хотел Дрим) - 70€ по лице
• Охрид (бензинска пумпа Лук Оил излез за Битола) - 70€ по лице
• Ресен (спроти автобуска станица) - 70€ по лице
o Деца од 2-11,99год: -10еур од цената на возрасен

Време на поаѓање за АЛБАНИЈА:
• 00:00 h - Скопје – (Дрводекор)
• 00:45 h - Велес – (Мотел Македонија)
• 00:00 h - Штип – (Нова Пошта)
• 01:30 h - Дреново – ( бензиска пумпа)
• 02:20 h - Прилеп – ( Бензиска пумпа Лук Оил На излезот за Скопје)
• 03.00 h - Битола – (Транскоп на перон)
• 02:00 h - Ресен (спроти автобуска станица)
• 01.30 h - Охрид– (бензиска Пумпа Лук Оил наизлезот кон Битола)
• 01:15 h - Струга – (пред Х.Дрим)

Попусти:


• За уплатени два последователни термини 7+7 ноќевања одобруваме 7% попуст на вториот термин;
• Не е дозволено комбинирање на попустот за рана уплата со другите попусти!

Плаќање:


• Плаќањето е во денари по курс 1 евро - 62мкд;
• Уплата при резервација 30% од вкупната сума, доплатата минимум 10 дена пред поаѓање;
• За раните попусти уплатата треба да се плати вкупната сума до одредениот датум.

Опис на сместувањето:


• 1/3 – соба – број 201 – прв спрат
o Собата има голем брачен кревет + единечен кревет, балкон, фрижидер, бокал за топла вода, клима (вклучена во цената) сопствено купатило, бесплатен интернет во собата и во цела вила.
o Максимален капацитет: 3 возрасни + 1 дете до 5,99 години.
• 1/3 – соба – број 202 – прв спрат
o Собата има голем брачен кревет + единечен кревет, балкон, фрижидер, бокал за топла вода, клима (вклучена во цената) сопствено купатило, бесплатен интернет во собата и во цела вила.
o Максимален капацитет: 3 возрасни + 1 дете до 5,99 години.
• 1/2 – соба – број 203 – прв спрат
o Собата има голем брачен кревет, балкон со поглед на базен, фрижидер, бокал за топла вода, клима (вклучена во цената) сопствено купатило, бесплатен интернет во собата и во цела вила.
o Максимален капацитет: 2 возрасни + 1 дете до 5,99 години.
• 1/2 – соба – број 204 – прв спрат
o Собата има голем брачен кревет, балкон со поглед на базен, фрижидер, клима (вклучена во цената) сопствено купатило, бесплатен интернет во собата и во цела вила.
o Максимален капацитет: 2 возрасни + 1 дете до 5,99 години.
• 1/4 – соба – број 205 – прв спрат
o Собата има голем брачен кревет + единечен кревет + дополнителен кревет на пуштање, балкон, фрижидер, клима (вклучена во цената) сопствено купатило, бесплатен интернет во собата и во цела вила.
• 1/3 – соба – број 301 – втор спрат
o Собата има голем брачен кревет + единечен кревет , балкон, фрижидер, клима (вклучена во цената) сопствено купатило, бесплатен интернет во собата и во цела вила.
o Максимален капацитет: 3 возрасни + 1 дете до 5,99 години.
• 1/3 – студио – број 302 – втор спрат
o Студиото има голем брачен кревет + единечен кревет, балкон, комплетно опремена кујна со прибор за готвење и јадење, фрижидер, клима (вклучена во цената) сопствено купатило, бесплатен интернет во собата и во цела вила.
o Максимален капацитет: 3 возрасни+ 1 дете до 5,99 години.
• 1/2 – Студио – број 303 – втор спрат
o Студиото има голем брачен кревет, балкон со поглед на базен, комплетно опремена кујна со прибор за готвење и јадење, фрижидер, клима (вклучена во цената) сопствено купатило, бесплатен интернет во собата и во цела вила.
o Максимален капацитет: 2 возрасни + 1 дете до 5,99 години.
• 1/2 – Студио – број 304 – втор спрат
o Студиото има голем брачен кревет, балкон со поглед на базен, комплетно опремена кујна со прибор за готвење и јадење, фрижидер, клима (вклучена во цената) сопствено купатило, бесплатен интернет во собата и во цела вила.
o Максимален капацитет: 2 возрасни + 1 дете до 5,99 години.
• 1/4 – Студио – број 305– втор спрат
o Студиото има голем брачен кревет + единечен кревет + дополнителен кревет на пуштање, балкон, комплетно опремена кујна со прибор за готвење и јадење, фрижидер, клима (вклучена во цената) сопствено купатило, бесплатен интернет во собата и во цела вила.
o Максимален капацитет: 4 возрасни + 1 дете до 5,99 години.
Агенцијата како оргранизатор не превзема одговорност за квалитетот и покриеноста на интернет конекцијата во капацитетите од понудата

Приговори и поплаки:


• Во случај на неадекватно сместување или било кој друг проблем, се молат патниците за тоа веднаш да го известат одговорното лице на рецепцијата. Доколку проблемот не биде решен, веднаш треба за истиот да се извести ОРГАНИЗАТОРОТ НА ПАТУВАЊЕТО и уплатното место каде сте склучиле Договор за патување, за време на првиот ден од сместувањето и почетокот на ова програма. Напоменуваме дека рекламации за кои агенцијата ќе дознае на последниот ден од престојот или по враќањето на патниците, истите нема да бидат земени во предвид или разгледани.
• Ве молиме во случај на било каков инцидент (кражба, тепачка, сообраќајна незгода….), да се обратите на надлежните инситуции во земјата на престојот.
Организаторот на патувањето единствено е задолжен да Ви помогне при посредување меѓу вас и надлежните институции
• Составен дел од оваа програма се Општите услови на патување на организаторот на патувањето. За сите информации дадени усмено, агенцијата не сноси одговорност. Ве молиме внимателно да ги прочитате условите на патување кои се составен дел од овој програм.

Што можете интересно дa правите кога сте на одмор во Ксамил?

• Уживајте во зајдисонце: Осигурете се да не го пропуштите зајдисонцето над Ксамилските острови. Кој било бар на плажата или ресторан свртен спрема островите, ќе ви го пружи тоа задоволство!
• Изнајмете кајак: Речиси сите плажи имаат на располагање изнајмувања кајак и бродови. Дефинитивно изнајмете и прошетајте ги Ксамилските острови!
• Посетете го националниот парк Бутринт: Има автобус на секој час од Саранда и Ксамил кој вози до Националниот парк Бутринт. Само 3 км по патот се наоѓа светското наследство на УНЕСКО, Бутринт. Бутринт е домаќин на некои од најважните истории на Албанија и целиот Медитеран.
• Уживајте во Саранда: Сместено на самиот југ на Албанија, Саранда е мал град со повеќе од 300 сончеви денови во годината кој се повеќе наликува на Италијанските приморски градови. Привлекува се’ повеќе гости со својот шарм. Веројатно сте слушнале како некои пријатели го споменуваат ова летно одморалиште. Ова не треба да изненадува бидејќи Саранда е украсена со волшебни плажи со бел песок, бројни маслинови градини, сите на јонското крајбрежје, спроти познатиот грчки остров Крф.
• Посетете ја плажата "Pema e Тhate", една од најубавите панорамски плажи во јужна Албанија лоцирана на 3 километри југозападно од Ксамил
• Посетете го "Syri & Kalter" (Плаво око): Прекрасен природен феномен кој е оддалечен околу 50 минути возење од Ксамил. Сири и Калтер е исто така познат како сино око и тука ве чекаат кристално чисти води во тиркизна и зелена боја.

Filters
Popular Filters
Nightly Price
$0 - $500
Amenities
Star Rating
1
2
3
4
5
Guest Rating
Style
Neighborhood
3,269 properties in Europe
image

Great Northern Hotel, a Tribute Portfolio Hotel, London

4.8
Exceptional
3,014 reviews
8 nights
US$72
image

Great Northern Hotel, a Tribute Portfolio Hotel, London

4.8
Exceptional
3,014 reviews
8 nights
US$72
image

Great Northern Hotel, a Tribute Portfolio Hotel, London

4.8
Exceptional
3,014 reviews
8 nights
US$72
image

Great Northern Hotel, a Tribute Portfolio Hotel, London

4.8
Exceptional
3,014 reviews
8 nights
US$72
image

Great Northern Hotel, a Tribute Portfolio Hotel, London

4.8
Exceptional
3,014 reviews
8 nights
US$72
image

Great Northern Hotel, a Tribute Portfolio Hotel, London

4.8
Exceptional
3,014 reviews
8 nights
US$72
image

Great Northern Hotel, a Tribute Portfolio Hotel, London

4.8
Exceptional
3,014 reviews
8 nights
US$72
US$72
US$72
US$72
US$72
US$72
US$72

Google
Map data ©2023 Google
Map data ©2023 Google
This page can't load Google Maps correctly.
Do you own this website?