Вчитување...
ВИЛА GYALOS BEACH - НЕОС МАРМАРАС
Грција, Торини
                                                Опис
Vila Gyalos Beach – Neos Marmaras, Sithonia, Halkidiki
Опис
Вилата Gyalos Beach се наоѓа на совршена локација во Неос Мармарас, на вториот крак на Халкидики, на само 50 метри од најубавата плажа, кај фудбалското игралиште. Модерен објект со уреден двор, веранда и пријатна атмосфера, совршен за фамилии и парови кои сакаат да бидат блиску до море и до сите градски содржини.
Локација
Објектот е сместен во мирен дел на Неос Мармарас, на само неколку минути пешачење од центарот и марината. Плажата е веднаш преку улица, додека во близина има таверни, маркети и кафулиња. Плажата Paradisos е на околу 2 км, а аеродромот во Солун е оддалечен приближно 110 км.
Сместување и содржини
Вилата располага со вкупно 9 студија:
- 5 модерно опремени двокреветни студија, од кои 4 имаат директен поглед кон море, а едно има поглед кон планина и странично кон море (SSV)
- 2 трокреветни студија лоцирани на приземје
Сите студија се уредени со вкус и располагаат со:
- клима-уред (доплата 5 € по ден, директно на сопственикот)
- Wi-Fi интернет
- телевизор
- комарници на прозорците
- приватен тоалет со туш
- мини-кујна со прибор и фрижидер
- балкон или тераса
- сет од мала и голема крпа по лице
Двор и удобности
Во рамките на вилата има веранда и двор со скара (BBQ) на располагање за гостите. Иако објектот не располага со сопствен паркинг, гостите можат да ги паркираат своите возила веднаш пред објектот.
Услуга и хигиена
Сместувањето е чисто и редовно одржувано. Постелнината и пешкирите се менуваат периодично. Вилата се истакнува по модерниот ентериер, идеалната локација и љубезните домаќини.
Предности
- Одлична локација – само 50 м од плажа
- Модерни дво- и четворокреветни студија
- Прекрасен поглед кон море
- Wi-Fi интернет и скара во дворот
- Возилата се паркираат веднаш пред објектот
- Идеално за фамилии и парови
| НАЕМ НА СОБА ЗА 7 НОЌЕВАЊА | ||
| СМЕНА | ПЕРИОД | ½ СТД КОН МОРЕ 1/3 СТД ПРИЗЕМЈЕ | 
| 1 | 17.05-24.05 | 229 | 
| 2 | 24.05-31.05 | 249 | 
| 3 | 31.05-07.06 | 339 | 
| 4 | 07.06-14.06 | 409 | 
| 5 | 14.06-21.06 | 535 | 
| 6 | 21.06-28.06 | 545 | 
| 7 | 28.06-05.07 | 545 | 
| 8 | 05.07-12.07 | 599 | 
| 9 | 12.07-19.07 | 609 | 
| 10 | 19.07-26.07 | 659 | 
| 11 | 26.07-02.08 | 689 | 
| 12 | 02.08-09.08 | 689 | 
| 13 | 09.08-16.08 | 659 | 
| 14 | 16.08-23.08 | 659 | 
| 15 | 23.08-30.08 | 599 | 
| 16 | 30.08-06.09 | 409 | 
| 17 | 06.09-13.09 | 339 | 
| 18 | 13.09-20.09 | 249 | 
| 19 | 20.09-27.09 | 249 | 
Цените се изразени во евра, за уплата во денарска противвредност 1€ = 62мкд.
- Цените се дадени за наем на студио без превоз за 7 ноќи/8 дена.
 
ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ ВКЛУЧУВА:
* Превоз до избраниот објект во Грција.
* Задолжително патничко осигурување.
* Останати индивидуални трошоци, факултативни екскурзии, дополнителни оброци….
НАПОМЕНИ:
За уплата на аранжман преку синдикатите со кои имаме склучено договор за плаќање на рати попустот за време на попустите за рана уплата е фиксен 10%.
Доплата за туристичка такса 14 € за 7 дена (се плаќа во агенција)
Во соба, дозволено е сместување на лица согласно предвидениот капацитет. Преку дозволениот број може да се смести максимум едно дете до 6 години во кревет со двајца возрасни
Поради генерално чистење на студијата после секоја смена, истите се напуштаат до 10:00 (локално време), а сместувањето е после 14:00 часот (локално време);
Хигиената во објектот за време престојот ја одржуваат самите гости;
Агенција го задржува правото во случај на слободни (непродадени) капацитете да ги објави и продаде слободните капацитети по Last Minute цени при што лицата кои го уплатиле аранжманот по редовен ценовник, немаат право на надомест на средства за разлика во цена.
Фотографиите од сместувачкиот капацитет се од повеќе студиа, а не се селектирани од едно студио, истите служат за да дадат генерален впечаток на објектот за сместување.
Кујните во сите студиа се опремени со најосновен прибор за подготовка на лесни јадења.
Јачината на сигналот на Интернет, брзината и квалитетот на поврзување, како и мрежната стабилност зависи исклучиво од давателот, техничките можности во одморалиштето и самиот регион и други фактори.
Сопствениците на објектите го задржуваат правото при евентуално направена причинета штета да извршат наплата за истата од клиентите кои се сместени во моментот.
Превоз од Скопје / Велес / Неготино / Смоквице / Гевгелија;
Патниците самостојно го пренесуваат својот багаж од местото на запирање до објектот на сместување.
Секој патник има право на превоз на 1 парче багаж до 20 кг и 1 парче рачен багаж.
Еarly Booking попустите НЕ се комбинираат со други попусти.
За резервација на понуда по редовна цена, 30 % од вредноста на аранжманот се уплатува во моментот на резервација, а остатокот 21ден пред поаѓање.
Патникот во секој момент може да се откаже од аранжамот. Тоа се прави во писмена форма и согласно скалата која е објавена во општите услови за патување.
Во случај на отказ на аранжан кој е со попуст за рана уплата 50 % од сумата е неповратна а вториот дел од 50 % се задржуваат согласно скалата која е објавена во општите услови за патување.
ПОПУСТИ И ДОПЛАТИ
За уплата на два последователни термини, одобруваме 10% попуст на вториот термин;
Доплата за превоз: 50€ за возрасни / 40€ за деца до 12 год. Деца до 2 год. – бесплатно (без седиште);