Вчитување...
ОСТРОГ 19.03-22.03.2026 (продолжен викенд)
Опис
БУДВА- ТИВАТ – КОТОР – ДУБРОВНИК – ОСТРОГ 19.03-22.03.2026 (продолжен викенд)
3 ДЕНА СО 2 НОЌЕВАЊА-АПАРТМАНСКО СМЕСТУВАЊЕ И ПРЕВОЗ СО ВИСОКО ТУРИСТИЧКИ АВТОБУС И СТРУЧЕН ВОДИЧ19.03 (ЧЕТРОВРТОК) - Состанок на групата во 20,00часот паркинг СЦ Борис Трајковски во 20.30часот поаѓање за Црна Гора. Се патува преку Косово и Албанија со попатни паузи за царински формалности и одмор. Пристигнување во Црна Гора (Сутоморе) во утринските часови на 20.03(ПЕТОК) Сместување и слободно време за одмор. Oколу 12 часот препорачуваме факултативен излет во Портомонтенегро. Слободно време за прошетка во новоизградената марина во Тиват која многумина ја споредуваат со Монако. За момент ќе се почувствувате како да не сте на Балканот, овдека одмара и ужува светскиот џет-сет. Продолжуваме до Котор каде имаме пауза од 2 часа. Во Котор може да се видат Саат Кулата, столбот на срамот, Катедралата Св Трифун и едноставно да се ужива во прошетката низ малите и тесни улички. Во вечерните часови враќање во Сутоморе со попатна пауза во Будва. Ноќевање.
21.03 (САБОТА) – Состанок на групата во 09 часот и поаѓање на целодневен факултативен излет до Дубровник кој е еден од најатрактивните и најпознати градови на Јадранот. Го чуваат градските ѕидини поделен од Страдун главната улица, заштитен од Св.Влах...разглед на градот со локален водич, а потоа и слободно време за индивидуална прошетка. Попладне враќање во Сутоморе. Ноќевање.
22.03 (НЕДЕЛА ) – Во 09.00часот поаѓање за Острог. Посета на манастирот кој датира од 17 век, основан од Василие Острошки. Се посетуваат Горниот Манастир, Долниот Манастир и црквата која се наоѓа помеѓу Горниот и Долниот Манастир. Околу 14 часот патувањето го продолжуваат кон Македонија. Пристигнување во Mакедонија во вечерните часови.
Промо цена 45 евра (2790 ден ) со задолжителна резервација на една факултатива.
*Аранжманот е од туристички карактер со цел да се посетат сите предвидени места во програмата
Во понудата е вклучено
-превоз на релација Скопје -Црна Гора – Скопје
-2 ноќевања во Сутоморе-апартманско сместување
-посета на Острог
-организација и реализација на патувањето
Во понудата не е вклучено
- туристичка такса 5 евра задолжителна долпата ) Сутоморе и Острог
- посета на Дубровник 35 евра (превоз и разглед со локален водич)
- посета на Будва, Тиват и Котор 25 евра
Реализација на понудата или откажување
превоз до Острог (до Горниот Манастир) со комбиња 1 евро во правец
- патничко-здравствено осигурување
*доплата за 1/1 соба 50% од аранжманот
* 20% попуст за деца до 12години
Задолжителна пријава за факултативи во агенција при резервација.
Во Црна Гора се патува со лична карта, за Хрватска мора биометриски пасош.
За реализација на ова патување потребен е минимум од 45 патници.
За реализација на факултативите потрбен е минимум од 30 патници.
За ова патување важат општите услови за патување на ТА Скаут - Скопје.