Опис
Подарете си незаборавно патување во срцето на Европа и откријте ги убавините на Прага и Карлови Вари – две дестинации кои пленат со својата историја, архитектура и единствена атмосфера.
Прага, позната како „градот на стоте кули“, ќе ве воодушеви со своите живописни улици, величествени градби и безвременски шарм. Прошетајте низ историскиот центар, преминете преку познатиот Карлов мост, уживајте во погледот кон реката Влтава и откријте ги тајните на еден од најубавите европски градови.
Патувањето продолжува кон Карлови Вари – најпознатиот бањски град во Чешка, прочуен по своите термални извори, раскошни колонади и елегантна архитектура. Градот нуди мирна и префинета атмосфера, идеална за прошетки, релаксација и уживање во природните убавини и локалните специјалитети.
Ова патување е совршен избор за љубителите на културата, историјата и европската архитектура, но и за сите кои сакаат да доживеат нови места, незаборавни пејзажи и автентична чешка традиција.
Придружете ни се и создадете спомени што ќе траат засекогаш, истражувајќи две од највпечатливите дестинации во Европа – романтичната Прага и елегантниот Карлови Вари.
Резервирајте го вашето место навреме и подарете си патување исполнето со убавина, елеганција и незаборавни доживувања.
План и програма
ПРВ ДЕН (09.10.2026) Петок
Собир на групата кај Хотел Русија во 12:00 часот. По распределувањето на седиштата и багажот, во 12:30 поаѓање. Патувањето е преку Србија, Унгарија, Австрија, Словачка со попатни паузи. Според условите од патувањето, групата се упатува и сместува во хотелот. По сместувањето и краткиот одмор, заедно со придружникот на патувањето се упатува групата на попладневна прошетка низ Прага. Ноќевање.
ВТОР ДЕН (10.10.2026) Сабота
По ноќното патување, во утринските часови пристигнување во Прага. Започнува панорамски и пешачки разглед со локалниот водич низ историскиот центар на Прага. По разгледот и слободното време, започнуваме со крстарењето по Влтава. Во вечерните часови враќање во хотел и ноќевање.
ТРЕТ ДЕН (11.10.2026) Недела
По појадок во хотелот, групата се упатува на целодневна екскурзија со локален водич до Карлови Вари, најпознатиот бањски центар во Европа, термалните извори и старите палати кои пленат со својот раскош и убавина, и секако зрачат со топлина од термалните води. Слободно време за прошетка и посета на некој од базените, каде ќе имате можност да уживате во топлите води. Во вечерните часови враќање во хотел и ноќевање.
ЧЕТВРТИ ДЕН (12.10.2026) Понеделник
По појадок во хотелот, одјавување од хотелот и поаѓање кон Македонија. Попатно се застанува во најголемиот трговски центар во тој дел од Европа, Пандорф, каде групата ќе има неколкучасовно шопинг доживување. Во вечерните часови продолжување на патувањето кон Скопје преку Австрија, Унгарија, Србија.
ПЕТТИ ДЕН (13.10.2026) Вторник
Пристигнување во Скопје околу пладне.
ЦЕНА 189 ЕВРА