Опис
Венеција – градот на мостовите, каналите и вечната романтика – претставува едно од најнеобичните и највпечатливи места во светот. Изградена на над 100 мали острови во Јадранското Море, оваа магична дестинација плени со својата уникатна архитектура, богата историја и уметничко наследство. Гондолите што нежно лизгаат низ каналите, величествениот плоштад Сан Марко, скриените улички и мистичните мостови создаваат атмосфера што ја претвора секоја прошетка во бајка. Венеција не е само град – таа е емоција, културно богатство и инспирација која опстојува со векови, оставајќи траен белег кај секој кој ќе ја посети.
План и програма
ПРВ ДЕН 11.10.2026
Собир на Скопскиот аеродром во 08 ч.:25 минути. Полетуваме за Венеција во 10: 25 мин. Пристигнување и трансфер до хотелот во Мештре и околината на Мештре. Во попладневните часови ја посетуваме Венеција и имаме разглед со локален водич. Ноќевање.
ВТОР ДЕН 12.10.2026
По појадокот, се упатуваме кон Падова, еден од најубавите градови во северна Италија, местото каде што се наоѓа најголемата катедрала на Св. Антонио, и вториот најстар универзитет во светот. Потоа се упатуваме кон Тревизо, малото градче каде што е започната традицијата на еден од најголемите модни брендови BENETТON, и родното место на познатиот десерт Тирамису. Враќање во хотел. Ноќевање
ТРЕТ ДЕН 13.10.2026
По појадокот во хотел групата се упатува кон Венеција. Слободно време за индивидуални активности. Враќање во хотел во договорено време. Ноќевање.
ЧЕТВРТИ ДЕН 14.10.2026
По појадок во хотелот, слободно време до организираниот трансфер до аеродромот во 11:10. Летот за Скопје е во 14:10. Пристигнување во Скопје во 15:45.
ЦЕНА 399 ЕВРА
Во понудата е вклучено
3 ноќевања во хотел со појадокАвионски билет Скопје – Венеција – Скопје8 кг рачен багаж – 40x30x20 cm. (Wizz Air)Трансфер од Аеродром – Хотел – АеродромПревоз до наведените релацииЛиценциран придружник
Во понудата не е вклучено
Патничко осигурувањеТуристичка такса – 5 евра од ноќ по лице (се плаќа на рецепција)Факултативен излет (ЗАДОЛЖИТЕЛЕН) Падова,Тревизо и Венеција -50 евра (се плаќа на лице место)Индивидуални трошоци (влезници за музеите)Багаж над 10 кг. – информации во агенција
Попусти и Доплати
За реализација на овој аранжман се потребни минимум 20 патници.Задолжителна проверка на пасошот. Треба да има минимум важност 6 месециХотелот одредува на лице место во зависност од моменталната состојба каков тип на соба ќе добиете.Резервации за одреден кат или страна не е можна.Селекција на седиште во авион – Истото се доплаќа.Доплата за еднокреветна соба 120 евраДоплата за дете до 11.99 години – 349 евра (намалување 50 евра од промотивната цена за возрсни)
Реализација на понудата или откажување