logo icon
Вчитување...

Братислава и Виена во Ноември (13.11-15.11.2026)

Словачка, Братислава
image

Опис

Братислава порано била позната како Пресбург, градот има богата историја и бил крунисувачки град на австро-унгарските владетели. Во минатото бил под влијание на Келтите, Римјаните, Германите, Словените и Хабсбурзите.

План и програма
Прв ден 13.11.2026
Состанок на групата на Меѓународниот аеродром во Скопје во 10ч:00 . Летот Скопје-Братислава е во12ч:00 . По слетувањето, следува трансфер од аеродромот во Братислава до хотелот. Сместување. Слободно време за прошетка во околината на хотелот, посета на некоја локална пивница или одмор.

Втор ден 14.11.2026
По појадокот, се упатуваме на целодневна посета на Виена, главниот град на Австрија. Започнуваме со разглед со локалниот водич, кој ќе не запознае со историјата, приказните, легендите и интригите на овој град. Пешачкиот разглед го започнуваме од дворецот Белведере, импозантен дворец изграден по нарачка на кралицата Марија Тереза, со својата бела боја на фасадата го добива и самото име Белведере. Од предната и задната страна на дворецот се направени едни од најубавите градини во светот, кои се користеле за прошетки, балови и уживање од страна на кралското семејство. Од таму, се упатуваме кон центарот на Виена, или познатиот РИНГШТРАСЕ. Ја посетуваме катедралата Карлсрихе (св. Чарлс), една од поголемите барокни цркви, продолжуваме кон истоимениот плоштад, Карлсплац каде се наоѓа и познатата Виенска Опера. Се упатуваме кон дворецот Хофбург, првиот и главен дворец во Империјата на Австрија. Огромно здание во централнииот дел на Виена, со прекрасен парк, прекрасна фасада, специјална покриена градина каде се одгледуваат растенија од целиот свет. Разгледот продолжува низ тесните улички на строгиот центар на Виена кон завршната точка на Штефанплац, каде се наоѓа една од најголемите Готски катедрали во светот, св.Стефан. По разгледот, слободно време за прошетка и индивидуални активности. Во договорено време се упатуваме назад кон Братислава. Во вечерните часови препорачуваме посета на локална таверна или пивница.

Трет ден 15.11.2026
По појадокот во хотел, започнуваме со посета на централниот дел на Братислава. Братислава е еден од најшармантните главни градови кој се наоѓа на реката Дунав, град во кој се одвивале сите крунисувања на големите императори на Австро Унгарија. Разгледот го започнуваме пред националниот Словачки театар, изграден кон крајот на 19ти век, кој е изграден во нов и уникатен архитектонски стил. Разгледотт го продолжуваме кон главниот плоштад на Братислава, каде што се наоѓа градската палата, познатата кардиналска палата, Максимилијановата фонтана, скриените пасажи низ старите улички, портата на св.Михаил, една од најобезбедените порти во светот, позната како Барбакан. Продолжуваме кон Готската катедрала св. Мартин, која го краси градот со својата златна кула, еден од највисоките покриви на градот. Разгледот го завршуваме на ридот каде што е изграден замокот на Братислава, каде може да уживаме во еден од најубавите видиковци на реката Дунав. По разгледот, можност за организиран факултативен ручек во уникатна братиславска пивница. Слободно време за индивидуални активности.Во договорено време се упатуваме кон аеродромот. Летот Братислава-Скопје е во 23:00ч . Пристигнување во Скопје после полноќ


Цена 249евра

Во понудата е вклучено

2 ноќевања со појадок во хотел со 3*Авионски билет Скопје-Братислава-Скопје со WIZZ AIRРачен багаж до 8 килограми со димензии 40x30x20Трансфер од аеродром до хотел и назадПосета и разглед на БратиславаЛиценциран придружник


Во понудата не е вклучено

Патничко осигурувањеТуристичка таксаИндивидуални трошоци (влезници за музеите)Задолжителна факултатива посета на Виена 25евра


Попусти и Доплати

За реализација на овој аранжман се потребни минимум 20 патници.Задолжителна проверка на пасошот. Треба да има минимум важност 6 месециХотелот одредува на лице место во зависност од моменталната состојба каков тип на соба ќе добиете.Резервации за одреден кат или страна не е можна.Доплата за еднокреветна соба 90 евраДеца до 11,99 години плаќаат 220 евраАгенцијата има право да направи промена на програмата според условите во текот на реализацијата.


Реализација на понудата или откажување

- За ова патување потребно e да поседувате валиден биометриски пасош, најмалку 6 месеци пред истек од датумот на враќање.
- За резервација потребна е задолжителна уплата на депозит од најмалку 30% доплата најдоцна до 2 недели пред поаѓање.
- Со потпишување на договорот на патниците им се доделуваат седишта според времето на уплата, доколку одредени патници имаат посебни барања за конкретно седиште истото го доплаќаат во агенција.
- Цените се дадени во евра за уплата исклучиво во денарска противвредност по курс 1€=62мкд.
- Цените се дадени по лице за најмалку 2 лица во соба.
- За реализација на факултативите потребен е минимум од 30 патници, во случај на недоволен број на пријавени, агенцијата го задржува правото за отказ на факултативата или промена на цената.
- Агенцијата го задржува правото за отказ на аранжманот најдоцна до 7 дена пред поаѓање доколку не е исполнет бројот на пријавени лица предвидени по програмата за ова патување.
- Организаторот го задржува правото за промена на редоследот на активности во програмата во случај на потреба.
- За ова патување важат Општите Услови за Патување на TA Скаут и Ваикики Травел.


Filters
Popular Filters
Nightly Price
$0 - $500
Amenities
Star Rating
1
2
3
4
5
Guest Rating
Style
Neighborhood
3,269 properties in Europe
image

Great Northern Hotel, a Tribute Portfolio Hotel, London

4.8
Exceptional
3,014 reviews
8 nights
US$72
image

Great Northern Hotel, a Tribute Portfolio Hotel, London

4.8
Exceptional
3,014 reviews
8 nights
US$72
image

Great Northern Hotel, a Tribute Portfolio Hotel, London

4.8
Exceptional
3,014 reviews
8 nights
US$72
image

Great Northern Hotel, a Tribute Portfolio Hotel, London

4.8
Exceptional
3,014 reviews
8 nights
US$72
image

Great Northern Hotel, a Tribute Portfolio Hotel, London

4.8
Exceptional
3,014 reviews
8 nights
US$72
image

Great Northern Hotel, a Tribute Portfolio Hotel, London

4.8
Exceptional
3,014 reviews
8 nights
US$72
image

Great Northern Hotel, a Tribute Portfolio Hotel, London

4.8
Exceptional
3,014 reviews
8 nights
US$72
US$72
US$72
US$72
US$72
US$72
US$72

Google
Map data ©2023 Google
Map data ©2023 Google
This page can't load Google Maps correctly.
Do you own this website?