Вчитување...
Врњачка Бања Велигден – хотел Врњачке Терме 4*
Опис
Во срцето на Врњачка бања, се наоѓа комплексот на водено царство ,,Врњачке Терме,, Комплексот располага со 5 затворени базени со два тобогани ( термоминерална вода 32-36 степени) и три отворени надворешни со два тобогани. СПА центарот се состои од сауни, солена соба, парно купатило, тепидариум, салон за масажа...
Програма на патување:
10.04.2026 (Петок) СКОПЈЕ - ВРЊАЧКА БАЊА
Состанок на групата на паркингот кај спортска сала Борис Трајковски рано наутро во 05.30 часот. Поаѓање за Србија во 06.00 часот. Патот води преку граничниот премин Табановце со кратки попатни паузи за одмор и обавување на царински формалности. Пристигнување во Врњачка Бања околу пладне и сместување во хотел Врњачке терме. Кратко време за одмор, препорачуваме прошетка низ Врњачка Бања: Мостот на Љубовта, изворот Топла Вода, Римските извори, изворот Снежник, изворот Језеро и изворот Слатина... слободно попладне за одмор, релаксација и користење на СПА содржините на хотелот. Ноќевање.
11.04.2026 (Сабота) СКОПЈЕ - ВРЊАЧКА БАЊА
Појадок. Слободен за индивидуални активности и прошетки во Врњачка Бања. Ден предвиден за одмор, релаксација и користење на Велнес содржините на хотелот. Ноќевање.
12.04.2026 (Недела) ВРЊАЧКА БАЊА – ЖИЧА – ВРЊАЧКА БАЊА
Појадок. Moжност за факултативна посета на манастирот Жича. Манастирот со потекло од првата половина на 13от век, познат е по тоа што тука бил крунисан тогашниот прв крал на Србија, Стефан Немања, братот на Свети Сава. Внатрешноста на црквата е облагородена со фрески кои водат потекло од раниот 13ти век и припаѓаат на т.н. Златно доба на српското сликарство. Манастирот заради своето особено значење денес е заштитен како споменик на културата на Србија. Враќање назад во хотелот, слободно време за индивидуални активности, релаксација и одмор, можност за користење на СПА содржините вклучени во цената. Ноќевање.
13.04.2026 (Понеделник) ВРЊАЧКА БАЊА – СКОПЈЕ
Појадок. Слободно време за индивидуални активности и прошетки до времето предвидено за заминување за Македонија. Поаѓање за Скопје во попладневните часови. Патувањето се одвива преку граничниот премин Табановце, со кратки попатни паузи за одмор и обавување на царински формалности. Планирано пристигнување во Скопје во вечерните часови.
ПРОМО ЦЕНА – 199 евра (12.330,00)
Цена во евра за уплата исклучиво во денарска противвредност по курс 1€/62мкд.
Цена по лице за најмалку 2 лица во соба
Во понудата е вклучено
- Превоз со високотуристички автобус на наведената релација
- Сместување во хотел Врњачке терме 4* во супериор соби
- Исхрана на база 3 ноќевања со поjaдок
- Секојдневно користење на Велнес и Спа центар
- Wi-Fi интернет пристап на јавни површини и во соби;
- Организација, реализација и лиценциран придружник на патувањето.
Во понудата не е вклучено
- Задолжително патничко и здравствено осигурвање;
- Доплата за туристичка такса ( доплата на рецепција 1,5евра дневно по лице);
- Факултативна посета на манастирот Жица 10€ (доплата на лице место)
- доплата за вечера 15евра дневно по лице (доплата на рецепција)
- Доплата за еднокреветна соба ( 60евра)
Попусти и Доплати
- Намалување за сопствен превоз -20€/ 1240мкд по патник
- деца до 7 год. со двајца родители – гратис ( некористат кревет), доплата за превоз 35евра
- деца од 7-12 год.со двајца родители – 50% од сумата (софа)
Реализација на понудата или откажување
- За ова патување потребно e да поседувате валиден биометриски пасош или валидна лична карта.
- За резервација потребна е задолжителна уплата на депозит од најмалку 30% доплата најдоцна до 2 недели пред поаѓање.
- Со потпишување на договорот на патниците им се доделуваат седишта според времето на уплата, доколку одредени патници имаат посебни барања за конкретно седиште истото го доплаќаат во агенција.
- Цените се дадени во евра за уплата исклучиво во денарска противвредност по курс 1€=62мкд.
- Цените се дадени по лице за најмалку 2 лица во соба.
- За реализација на факултативите потребен е минимум од 30 патници, во случај на недоволен број на пријавени, агенцијата го задржува правото за отказ на факултативата.
- Агенцијата го задржува правото за отказ на аранжманот најдоцна до 7 дена пред поаѓање доколку не е исполнет бројот на пријавени лица предвидени по програмата за ова патување.
- Организаторот го задржува правото за промена на редоследот на активности во програмата во случај на потреба.
- За ова патување важат Општите Услови за Патување на Скаут и СКТМ