logo icon
Вчитување...

Christmas Market во Прага 04.12-07.12.2026

Чешка, Прага
image

Опис

Прага – сместена во срцето на Европа, плени со својата архитектура и традиција, Таа е значајна раскрсница на уметноста и науката. Главен град на Чешка, позната како златен град, град на стотици кули, град на мостови, град на пивото…Лежи на брегот на реката В’ лтава, најголемата Чешка река, која градот го дели на четири дела ( Стар Град, Нов Град, Храдчани и Мала Страна). Многу уметници го опишале овој магичен град во своите дела -Бедриж Сметана, Антониј Дворжак, Франц Кафка.За сето ова го доловите и доживеете на магичен начин ве носиме во Прага на Божиќен базар.
План и програмаПрв ден 04.12.2026 СКОПЈЕ-ПРАГАСредба на патниците на аеродромот Скопје во договореното време. Два часа пред полетувањето на авионот. Време на полетување кон Прага 18:40 часот. По пристигнувањето на аеродромот во Прага, по завршувањето на царинската формалност, трансфер до хотелот и сместување. Ноќевање

Втор ден 05.12.2026-ПРАГАПојадок.После појадок, заминување со јавен превоз и пеш за обиколка на Чешката престолнина, Храдчани со најголемиот средновековен замок во светот; Прашкиот замок, Белведере, Претседателската палата, Катедралата Свети Вит, Базиликата Свети Ѓорѓи, Новата кралска палата и Розенберговата палата со можност за самостојна посета на Златната уличка. Преминување на Карловиот мост – една од најголемите знаменитости на Прага и идеално место за фотографирање. Прошетка низ центарот на градот до Староместске намести – најпознатиот и најубавиот плоштад во Прага опкружен со историски градби како што се познатиот Астрономски часовник, кој се смета за едно од најголемите богатства на Прага повеќе од 600 години, и црквата Тин, една од најимпресивните готски цркви во светот, која доминира во околината со своите две кули и висока 80 метри.Слободно време за одмор и ручек во центарот на Прага.Во попладневните часови препорачуваме крстарење по Влтава со водена разгледница од бродот. Додека бродот плови во близина на Еврејската четврт, ќе се прошетаме покрај Старата Нова Синагога – една од најстарите готски градби во Прага и Еврејските гробишта – место кое долго време ги привлекува сите мистици на Европа и едно од најважните историски знаменитости на Прага со многу легенди. Заминување кон хотелот и слободно време за релаксација. Вечерта препорачуваме вечера во еден од типичните прашки пабови и уживање во специјалитетите на чешката кујна. Ноќевање.

Трет ден 06.12.2026-КАРЛОВИ ВАРИ...ТОПЛА ВОДА...ОБЛАНДИ...БЕКЕРОВКАПојадок.По појадокот заминуваме за Карлови Вари, бајнски центар,мондемско место, колоритно гратче полно со историја и легенди…Посета на трите колонади, Термалниот извор или гејзер Вридло е природен феномен кој исфрла термална вода до 12 метри и 2000 литри во минута. Овој извор денес се користи за термални бањи, Изворот се наоѓа во внатрешноста на Колонадата на топлите извори, која првично била изградена во 1975 година, но подоцна била претворена во модерна зграда од стакло-бетон…Православната црква „Свети Петар и Павле“ е величествена градба изградена во византиски црковен стил. Надворешноста е импресивна поради нејзините пет позлатени куполи. Внатрешноста е богато украсена со декоративни фигури и ѕидни слики. Она што го привлекува вниманието на сите е дрвениот иконостас со слики во масло на светци, кој е изработен за Светската изложба во Париз во 1900 година…Слободно време за ручек…во договоено време со водичот се упатуваме кон Прага. Ноќевањe

Четври ден 07.12.2026 ПРАГА-СКОПЈЕПојадок…По појадокот, прошетка до Прага. Може да пробате сладок специјалитет trdelnik – вкусно печиво полнето со крем или сладолед или да се напиете од добро познатото чешко пиво за на крај да ја засладите оваа прошетка,се до превземање на трансферот од хотел до Аеродром… Полетување кон Скопје во 21:200 часот.

ЦЕНА 419ЕВРА


Во понудата е вклучено

 • 3 ноќевања со појадок• Авионски билет  Скопје-Прага-Скопје• Рачен багаж (1 торба до 10 кг. со димензии 40х30х20см)• Трансфер аеродром-хотел-аеродром• Лиценциран туристички придружник за време на патувањето


Во понудата не е вклучено

• Патничко осигурување• Туристичка такса 5е од ноќ од соба  ( се плаќа на рецепција)
Разглед на Прага , и посета на Карлови Вари – 50 евра пакет екскурзија ( плаќање на лице место ) – ЗАДОЛЖИТЕЛНА ФАКУЛТАТИВА


Попусти и Доплати

 

  • За реализација на аранжманот потребен е минимум од 30 патници.
  • Резервација се прави со авансна уплата од 30% од цената на аранжманот и копија од пасош, комплетна доплата 15 дена пред поаѓање.
  • Цените се дадени во евра, уплата се врши исклучиво во денарска противвредност по курс 1€ = 62мкд
  • Важност на патните документи мин. 3 месеци по завршувањето на патувањетo.
  • Агенцијата го задржува правото за отказ на аранжманот најмногу 5 дена пред тргнување.
  • Во случај на отказ на еден од патниците, за сместување нема поврат на средства.
  • Агенцијата го задржува правото по пат на ultra first или last minute понуда да ги објави и продаде слободните капацитети по цени кои се разликуваат од оние кои се веќе објавени во ценовникот. Лицата кои го уплатиле аранжманот по ценовник немаат право на надомест на средства за разликата во цена.
  • Агенцијата го задржува правото на промена на хотел/апартман во случај на технички причини или Overbooking, организаторот ќе го смести патникот според можностите во даден момент во објект од иста категорија или од повисока категорија без надомест
  • Реализацијата на излетите е во зависност од временските услови, организаторот го задржува правото во случај на неповолни временски услови да ги откаже излетите и за истите следува рефундација.
  • Доплата за еднокреветна соба 120е дополнително од цената на аранжманот.
  • Деца до 11,99 доколку се придружувани со 2 возрасни лица плаќаат 40евра помалку од промо цена.

Filters
Popular Filters
Nightly Price
$0 - $500
Amenities
Star Rating
1
2
3
4
5
Guest Rating
Style
Neighborhood
3,269 properties in Europe
image

Great Northern Hotel, a Tribute Portfolio Hotel, London

4.8
Exceptional
3,014 reviews
8 nights
US$72
image

Great Northern Hotel, a Tribute Portfolio Hotel, London

4.8
Exceptional
3,014 reviews
8 nights
US$72
image

Great Northern Hotel, a Tribute Portfolio Hotel, London

4.8
Exceptional
3,014 reviews
8 nights
US$72
image

Great Northern Hotel, a Tribute Portfolio Hotel, London

4.8
Exceptional
3,014 reviews
8 nights
US$72
image

Great Northern Hotel, a Tribute Portfolio Hotel, London

4.8
Exceptional
3,014 reviews
8 nights
US$72
image

Great Northern Hotel, a Tribute Portfolio Hotel, London

4.8
Exceptional
3,014 reviews
8 nights
US$72
image

Great Northern Hotel, a Tribute Portfolio Hotel, London

4.8
Exceptional
3,014 reviews
8 nights
US$72
US$72
US$72
US$72
US$72
US$72
US$72

Google
Map data ©2023 Google
Map data ©2023 Google
This page can't load Google Maps correctly.
Do you own this website?