
Вчитување...
Братислава за 23-ти Октомври
Опис
Братислава за 23-ти Октомври
(АВИОНСКА ПРОГРАМА)
Продолжениот викенд за 23-ти Октомври придружете ни се да ja посетиме Братислава. Братислава порано била позната како Пресбург, градот има богата историја и бил крунисувачки град на австро-унгарските владетели. Во минатото бил под влијание на Келтите, Римјаните, Германите, Словените и Хабсбурзите.
ПРВ ДЕН (24.10.2025) Петок
Состанок на групата на Меѓународниот аеродром во Скопје во 14:30. Летот Скопје-Братислава е во 16:55. По слетувањето, следува трансфер од аеродромот во Братислава до хотелот. Сместување. Слободно време за прошетка во околината на хотелот, посета на некоја локална пивница или одмор.
ВТОР ДЕН (25.10.2025) Сабота
По појадокот во хотел, започнуваме со разглед на историскиот дел на Братислава со локален водич. Братислава е еден од најголемите главни градови кој се наоѓа на реката Дунав, тука ќе ги посетиме Михаеловата порта, градското собрание, универзитетската библиотека, како и сите позначајни објекти кои се наоѓаат токму во историскиот дел. По разгледот, слободно време за индивидуални активности.
ТРЕТ ДЕН (26.10.2025) Недела
По појадокот во хотел, слободно време за индивидуални активности. Во договорено време се упатуваме кон аеродромот. Летот Братислава-Скопје е во 12:50. Пристигнување во Скопје во 14:10.
ПРОМО ЦЕНА 249ЕВРА
Во понудата е вклучено
2 ноќевања со појадок во хотел со 3*
Авионски билет Скопје-Братислава-Скопје со WIZZ AIR
Рачен багаж до 8 килограми со димензии 40x30x20
Трансфер од аеродром до хотел и назад
Посета и разглед на Братислава
Лиценциран придружник
Во понудата не е вклучено
Патничко осигурување
Туристичка такса
Индивидуални трошоци (влезници за музеите)
Реализација на понудата или откажување
Важно
За реализација на овој аранжман се потребни минимум 20 патници.
Задолжителна проверка на пасошот. Треба да има минимум важност 6 месеци
Хотелот одредува на лице место во зависност од моменталната состојба каков тип на соба ќе добиете.
Резервации за одреден кат или страна не е можна.
Доплата за еднокреветна соба 90 евра
Агенцијата има право да направи промена на програмата според условите во текот на реализацијата. Важат условите за патување на Ескејп Травел и СКТМ