Вчитување...
ФЕСТИВАЛ НА МИМОЗИТЕ ВО ХЕРЦЕГ НОВИ
Опис
ФЕСТИВАЛ НА МИМОЗИТЕ ВО ХЕРЦЕГ НОВИ(ДУБРОВНИК – ТИВАТ – ОСТРОГ) 11.02 – 15.02.2026)
11.02.2026 (СРЕДА)
Состанок на групата во 20часот на паркингот на СЦ Борис Трајковски и поаѓање за Црна Гора. Ноќно патување преку Косово и Албанија со попатни паузи за одмор и царински формалности.
12.02.2026 (ЧЕТВРТОК)
Пристигнување во Сутоморе на 12.02 во раните утрински часови. Сместување во апартмани. Слободно време за одмор. Во попладневните часови посета на Бар. Слободно време за прошетка низ центарот на градот...препорачуваме посета за Дворецот на Крал Никола и Соборниот храм Св. Јован Владимир. Враќање во Сутоморе. Ноќевање.
13.02.2026 (ПЕТОК)
Можност за целодневна факултативна посета на Дубровник, еден од најубавите стари градови на Медитеранот. Го чуваат градските ѕидини поделен од Страдун главната улица, заштитен од Св.Влах. Разглед со локален водич, а потоа и слободно време за прошетка низ Дубровник. Враќање во Сутоморе. Ноќевање.
14.02.2026 (САБОТА)
Ден за учество во традиционалната улична забава посветена на мимозитe во Херцег Нови.. Oрганизирано заминување кон Баошиќи, местото каде се одржува централната манифестација по повод отварањето на Фестивалот на мимозите. Долж целата херцегновска ривиера од Кумбор преку Џеновиќ до Баошиќ организаторите на оваа манифестација на сите гости бесплатно им делат пржена риба и вино, а низ улиците дефилираат мажоретки во придружба на Градскиот оркестар кои ги даруваат гостите со цвеќето кое цвета токму во февруари и и` пркоси на зимата. Шарената и весела поворка совршено се совпаѓа во жолтиот декор на градот кој мириса на опојните мимози-дури 35.000 стебла мимози се посадени на оваа ривиера. Забава на отворено. Во попладневните часови враќање во Сутоморе со попатна пауза во Тиват. Ноќевање.
15.02.2026 (НЕДЕЛА)
Во 09.00часот поаѓање за Острог. Посета на манастирот кој датира од 17 век, основан од Василие Острошки. Се посетуваат Горниот Манастир, Долниот Манастир и црквата која се наоѓа помеѓу Горниот и Долниот Манастир. Околу 14 часот патувањето го продолжуваат кон Македонија. Пристигнување во Mакедонија во вечерните часови.
ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ.........4500 денари
Во понудата е вклучено
- Превоз со туристички автобус на наведената релација
- Три ноќевања во Сутоморе во 1/2и1/3соби во вила Ексклузив
- Посета на Бар,Тиват, Херцегнови, Острог
- Организација на патувањето
Во понудата не е вклучено
- превоз до Острог (до Горниот Манастир) со комбиња 1 евро во правец
-туристичка такса 5 евра по лице (задолжителна доплата)
-факултативна посета на Дубровник 35евра ( превоз и разглед со водич)
- Патничко осигурување
-индивидулни трошоци и влезници во културно историски споменици
Реализација на понудата или откажување
Напомена: Празникот на мимозите е во организација на Туристичката организација на градот Херцег Нови. Туристичката агенција не може да има одговорност доколку организаторот направи промена во програмата или во имињата на изведувачите на најавените музички програми.
За реализација на ова патување потребен е минимум од 45 патници.
За ова патување важат општите услови за патување на ТА Скаут - Скопје.