logo icon
Вчитување...

Прага во Октомври 09.10.2026 – 12.10.2026 (авионска програма)

Чешка, Прага
image

Опис

Подарете си незаборавно патување во срцето на Европа и откријте ги убавините на Прага и Карлови Вари – две дестинации кои пленат со својата историја, архитектура и единствена атмосфера. Прага, позната како „градот на стоте кули“, ќе ве воодушеви со своите живописни улици, величествени градби и безвременски шарм. Прошетајте низ историскиот центар, преминете преку познатиот Карлов мост, уживајте во погледот кон реката Влтава и откријте ги тајните на еден од најубавите европски градови.Патувањето продолжува кон Карлови Вари – најпознатиот бањски град во Чешка, прочуен по своите термални извори, раскошни колонади и елегантна архитектура. Градот нуди мирна и префинета атмосфера, идеална за прошетки, релаксација и уживање во природните убавини и локалните специјалитети.Ова патување е совршен избор за љубителите на културата, историјата и европската архитектура, но и за сите кои сакаат да доживеат нови места, незаборавни пејзажи и автентична чешка традиција. Придружете ни се и создадете спомени што ќе траат засекогаш, истражувајќи две од највпечатливите дестинации во Европа – романтичната Прага и елегантниот Карлови Вари.
План и програма
ПРВ ДЕН (09.10.2026) - ПЕТОКСостанок на водичот заедно со патниците на аеродромот во Скопје, два часа пред полетувањето.Летот е во 10:40 h наутро.По пристигнување на аеродромот во Прага, по завршување на царинска формалност, трансфер до хотелот и сместување. Прошетка до центарот,слободно време. Враќање во хотел. Ноќевање.
ВТОР ДЕН (10.10.2026 ) - САБОТАПојадок.После појадок, заминување со јавен превоз и пеш за обиколка на Чешката престолнина, Храдчани со најголемиот средновековен замок во светот; Прашкиот замок, Белведере, Претседателската палата, Катедралата Свети Вит, Базиликата Свети Ѓорѓи, Новата кралска палата и Розенберговата палата со можност за самостојна посета на Златната уличка. Преминување на Карловиот мост – една од најголемите знаменитости на Прага и идеално место за фотографирање. Прошетка низ центарот на градот до Староместске намести – најпознатиот и најубавиот плоштад во Прага опкружен со историски градби како што се познатиот Астрономски часовник, кој се смета за едно од најголемите богатства на Прага повеќе од 600 години, и црквата Тин, една од најимпресивните готски цркви во светот, која доминира во околината со своите две кули и висока 80 метри. Слободно време за одмор и ручек во центарот на Прага. Заминување кон хотелот и слободно време за релаксација. Вечерта препорачуваме вечера во еден од типичните прашки пабови и уживање во специјалитетите на чешката кујна. Ноќевање.
ТРЕТ ДЕН (11.10.2026) - НЕДЕЛАПојадок.По појадокот заминуваме за Карлови Вари, бајнски центар,мондемско место, колоритно гратче полно со историја и легенди…Посета на трите колонади, Термалниот извор или гејзер Вридло е природен феномен кој исфрла термална вода до 12 метри и 2000 литри во минута. Овој извор денес се користи за термални бањи, Изворот се наоѓа во внатрешноста на Колонадата на топлите извори, која првично била изградена во 1975 година, но подоцна била претворена во модерна зграда од стакло-бетон…Православната црква „Свети Петар и Павле“ е величествена градба изградена во византиски црковен стил. Надворешноста е импресивна поради нејзините пет позлатени куполи.Внатрешноста е богато украсена со декоративни фигури и ѕидни слики. Она што го привлекува вниманието на сите е дрвениот иконостас со слики во масло на светци, кој е изработен за Светската изложба во Париз во 1900 година… Слободно време за ручек…во договорено време со водичот се упатуваме кон Прага. Ноќевање.
ЧЕТВРТИ ДЕН ( 12.10.2026 ) - ПОНЕДЕЛНИКПојадок.По појадокот, прошетка до Прага. Може да пробате сладок специјалитет trdelnik – вкусно печиво полнето со крем или сладолед или да се напиете од добро познатото чешко пиво за на крај да ја засладите оваа прошетка,се до превземање на трансферот од хотел до Аеродром. Полетување кон Скопје во 15:45h.

цена од 359 EUR


Во понудата е вклучено

3 ноќевања со појадокАвионски билет Скопје-Прага-СкопјеРачен багаж (1 торба до 10 кг. со димензии 40х30х20см)Трансфер аеродром-хотел-аеродромЛиценциран туристички придружник за време на патувањето


Во понудата не е вклучено

Патничко осигурувањеТуристичка такса 5е од ноќ од соба ( се плаќа на рецепција)Разглед на Прага , и посета на Карлови Вари – 50 евра пакет екскурзија ( плаќање на лице место ) – ЗАДОЛЖИТЕЛНА ФАКУЛТАТИВА


Попусти и Доплати

За реализација на аранжманот потребен е минимум од 30 патници.Резервација се прави со авансна уплата од 50% од цената на аранжманот и копија од пасош, комплетна доплата 20 дена пред поаѓање.Цените се дадени во евра, уплата се врши исклучиво во денарска противвредност по курс 1€ = 62мкдВажност на патните документи мин. 3 месеци по завршувањето на патувањетo.Агенцијата го задржува правото за отказ на аранжманот најмногу 5 дена пред тргнување.Во случај на отказ на еден од патниците, за сместување нема поврат на средства.Агенцијата го задржува правото по пат на ultra first или last minute понуда да ги објави и продаде слободните капацитети по цени кои се разликуваат од оние кои се веќе објавени во ценовникот. Лицата кои го уплатиле аранжманот по ценовник немаат право на надомест на средства за разликата во цена.Агенцијата го задржува правото на промена на хотел/апартман во случај на технички причини или Overbooking, организаторот ќе го смести патникот според можностите во даден момент во објект од иста категорија или од повисока категорија без надоместРеализацијата на излетите е во зависност од временските услови, организаторот го задржува правото во случај на неповолни временски услови да ги откаже излетите и за истите следува рефундација.Доплата за еднокреветна соба 120е дополнително од цената на аранжманот.Доплата за дете до 11.99 години – (намалување 50 евра од промотивната цена за возрасни)

Filters
Popular Filters
Nightly Price
$0 - $500
Amenities
Star Rating
1
2
3
4
5
Guest Rating
Style
Neighborhood
3,269 properties in Europe
image

Great Northern Hotel, a Tribute Portfolio Hotel, London

4.8
Exceptional
3,014 reviews
8 nights
US$72
image

Great Northern Hotel, a Tribute Portfolio Hotel, London

4.8
Exceptional
3,014 reviews
8 nights
US$72
image

Great Northern Hotel, a Tribute Portfolio Hotel, London

4.8
Exceptional
3,014 reviews
8 nights
US$72
image

Great Northern Hotel, a Tribute Portfolio Hotel, London

4.8
Exceptional
3,014 reviews
8 nights
US$72
image

Great Northern Hotel, a Tribute Portfolio Hotel, London

4.8
Exceptional
3,014 reviews
8 nights
US$72
image

Great Northern Hotel, a Tribute Portfolio Hotel, London

4.8
Exceptional
3,014 reviews
8 nights
US$72
image

Great Northern Hotel, a Tribute Portfolio Hotel, London

4.8
Exceptional
3,014 reviews
8 nights
US$72
US$72
US$72
US$72
US$72
US$72
US$72

Google
Map data ©2023 Google
Map data ©2023 Google
This page can't load Google Maps correctly.
Do you own this website?