Вчитување...
Острог 8 март
Опис
БУДВА- ТИВАТ – КОТОР – ДУБРОВНИК – ОСТРОГ
07.03-09.03.2025
14.03-16.03.2025
3 ДЕНА СО 2 НОЌЕВАЊА-АПАРТМАНСКО СМЕСТУВАЊЕ И ПРЕВОЗ СО ВИСОКО ТУРИСТИЧКИ АВТОБУС И СТРУЧЕН ВОДИЧ
07.03 / 14.03 (ПЕТОК) - Состанок на групата во 00,00часот и поаѓање за Црна Гора. Се патува преку Косово и Албанија со попатни паузи за царински формалности и одмор. Пристигнување во Црна Гора (Сутоморе) во утринските часови. Сместување и слободно време за одмор. Oколу 14 часот препорачуваме факултативен излет во Портомонтенегро. Слободно време за прошетка во новоизградената марина во Тиват која многумина ја споредуваат со Монако. За момент ќе се почувствувате како да не сте на Балканот, овдека одмара и ужува светскиот џет-сет. Продолжуваме до Котор каде имаме пауза од 2 часа. Во Котор може да се видат Саат Кулата, столбот на срамот, Катедралата Св Трифун и едноставно да се ужива во прошетката низ малите и тесни улички. Во вечерните часови враќање во Сутоморе со попатна пауза во Будва. Ноќевање.
08.03 / 15.03 (САБОТА) – Состанок на групата во 09 часот и поаѓање на целодневен факултативен излет до Дубровник е еден од најатрактивните и најпознати градови на Јадранот. Го чуваат градските ѕидини поделен од Страдун главната улица, заштитен од Св.Влах...разглед на градот со локален водич, а потоа и слободно време за индивидуална прошетка. Попладне враќање во Сутоморе. Ноќевање.
09.03 / 16.03 (НЕДЕЛА) – Во 09.00часот поаѓање за Острог. Посета на манастирот кој датира од 17 век, основан од Василие Острошки. Се посетуваат Горниот Манастир, Долниот Манастир и црквата која се наоѓа помеѓу Горниот и Долниот Манастир. Околу 14 часот патувањето го продолжуваат кон Македонија. Пристигнување во Mакедонија во вечерните часови.
цена 2500 ден
Во понудата е вклучено
-превоз на релација Скопје -Црна Гора – Скопје
-2 ноќевања во Сутоморе-апартманско сместување
-посета на Острог
-организација и реализација на патувањето
Во понудата не е вклучено
- излетничка такса во Острог 1 евро
- туристричка такса во Сутоморе 1 евра дневно по лице
- посета на Дубровник 30 евра (превоз и разглед со локален водич)
- посета на Будва, Тиват и Котор 15 евра
-превоз до Острог (до Горниот Манастир) со комбиња 1 евро во правец
- патничко-здравствено осигурување
Попусти и Доплати
*доплата за 1/1 соба 50% од аранжманот
* 20% попуст за деца до 12години
Реализација на понудата или откажување
Задолжителна пријава за факултативи во агенција при резервација.
Во Црна Гора се патува со лична карта, за Хрватска мора биометриски пасош.
За реализација на ова патување потребен е минимум од 45 патници.
За реализација на факултативите потрбен е минимум од 30 патници.
За ова патување важат општите услови за патување на ТА Скаут - Скопје.