ВЕЛИГДЕН - ЦРНА ГОРА

Црна Гора, Острог
Од 75€
Отценето
750 отценки
4.8

Опис

ВЕЛИГДЕН - ЦРНА ГОРА
СУТОМОРЕ – ПЕРАСТ – КОТОР – ПОРТО МОНТЕНЕГРО - БУДБА – ОСТРОГ
02.05 – 06.05.2024
4 дена/ 3 ноќевање и превоз

02.05.2024 четврток
Состанок на групата во 21,00 часот кај Борис Трајковски, поаѓање за Црна Гора. Се патува преку Косово и Албанија со попатни паузи.

03.05.2024 петок (ПОРТО МОНТЕНЕГРО – ПЕРАСТ-КОТОР)
Пристигнување во Сутоморе во утринските часови. Сместување.
Во 11.00 часот поаѓање за Тиват (факултативно) можност за прошетка и уживање во ново изградениот луксузен комплекс Порто Монтенегро. Станува збор за едно уникатно место во Тиват – спој на Монте Карло, Сен Тропе... Главен инцеститор е канадскиот милијардер Питер Манк кој го купува старото воено бродоградилиште и го претвора во марина за мега јахти, луксузни хотели, продавници и ресторани. Пауза од 2 часа. Патувањето го продолжуваме со траект до Пераст.
Пераст е мал град кој се наоѓа помеѓи Рисанскиот и Бокакоторскиот залив. Пераст со сигурност е една од најатрактивните дестинации во Бокакоторскиот залив. Овој мал стар град е специфичен по многу нешта. Низ историјата ова место многумина сакале да го освојат од Византиското царство па до австриијците и секој од нив оставил свој белег во градот. Денес Пераст е една од најлуксузните дестинации во Црна Гора, во градот има голем број на музеи и цркви (најпозната е Св. Никола која датира од 17 век и има камбанарија висока 55 метри), а секако главна атракција е островот Госпа од Шкрпеља.
Госпа од Шкрпеља е вештачки остров пред Пераст направен во 15век. Црквата е изградена 1630 година. Има мермерен олтак во кој се наоѓа познатата икона Госпа од Шкрпеља – заштитник на морепловците, дело на Ловр Добричевиќ. Во црквата се наоѓа и гобленот кој од 1803-1828 година го везела Јаница Куниќ, додека го чекала својот маж морепловец, а за одредени делови се извезени од нејзината коса. Продолжуваме кон Котор, град под заштита на УНЕСКО и еден од најубавите градови. Во Котор може да се видат Столбот на срамот, Саат кулата, Катедралата Св.Трифун, Црквата Св.Никола.... Слободно време од 3 часа за прошетка низ градот. Враќање во Сутоморе. Ноќевање.

04.05.2024 сабота (ДУБРОВНИК)
Состанок на групата во 09 часот и поаѓање на целодневен факултативен излет до Дубровник е еден од најатрактивните и најпознати градови на Јадранот. Го чуваат градските ѕидини поделен од Страдун главната улица, заштитен од Св.Влах...разглед на градот со локален водич, а потоа и слободно време за индивидуална прошетка. Попладне враќање во Сутоморе. Ноќевање.

05.05.2024 недела (ОСТРОГ- БУДВА)
Во 09.00часот поаѓање за Острог. Посета на манастирот кој датира од 17 век, основан од Василие Острошки. Се посетуваат Горниот Манастир, Долниот Манастир и црквата која се наоѓа помеѓу Горниот и Долниот Манастир. Околу 14 часот патувањето го продолжуваат за Будва. Слободно време за индивидуален разглед на градот од околу 3часа. Враќање во Сутоморе во вечерните часови. Ноќевање.

06.05.2024 понеделник (БАР-СУТОМОРЕ-СКОПЈЕ)
Во 10.00 часот. Поаѓање од Сутоморе за Бар. Посета на Соборниот храм Св. Јован Владимир, слободно време за прошетка покрај пристаништето во центарот на градот или пак посета на дворецот на Крал Никола во Бар. Во 14.00часот поаѓање за Македонија. Се патува преку Албанија и Косово. Пристигнување во Скопје во вечерните часови.

ЦЕНА:4500 денари

ВО ЦЕНАТА Е ВКЛУЧЕНО
• 3 ноќевања во Сутоморе во вила Ексклузив и Скаут/Скаут1
• превоз со високо туристички автобус на наведената релација
• посета на Манастирот Острог, Будва и Бар
• пратител за време на целото патување
• организација и реализација на патувањето

ВО ЦЕНАТА НЕ Е ВКЛУЧЕНО
• факултативна посета на Пераст, Котор и Портомонтенегро – 25 евра со вклучена карта за бродче во Пераст и влезница во црквата
• факултативна посета на Дубровник – 30евра
• 1 евро излетничка такса во Острог (задолжителна доплата)
• 3 евра туристичка такса во Сутоморе (задолжителна доплата)
• превоз од Долниот до Горниот Манастир во Острог (со комбиња од манастирот)
• патничко осигурување

*доплата за 1/1 соба 2000ден
* деца до 12 години 3500ден (и 30% попуст на факултативите)

Напомена:
Oрганизаторот го задржува правото на промена на редоследот на активностите во програмата.
Може да се патува со лична карта во Црна Гора. За патувањето во Дубровник потребен е пасош
За реализација на факултативата потребени се минимум 35 патници.(задолжителна пријава при уплата)


За реализација на овој аранжман потребен е минимум од 45 патници.
За ова патување важат општите услови за патување на ТА Скаут – Скопје

Filters
Popular Filters
Nightly Price
$0 - $500
Amenities
Star Rating
1
2
3
4
5
Guest Rating
Style
Neighborhood
3,269 properties in Europe
image

Great Northern Hotel, a Tribute Portfolio Hotel, London

4.8
Exceptional
3,014 reviews
8 nights
US$72
image

Great Northern Hotel, a Tribute Portfolio Hotel, London

4.8
Exceptional
3,014 reviews
8 nights
US$72
image

Great Northern Hotel, a Tribute Portfolio Hotel, London

4.8
Exceptional
3,014 reviews
8 nights
US$72
image

Great Northern Hotel, a Tribute Portfolio Hotel, London

4.8
Exceptional
3,014 reviews
8 nights
US$72
image

Great Northern Hotel, a Tribute Portfolio Hotel, London

4.8
Exceptional
3,014 reviews
8 nights
US$72
image

Great Northern Hotel, a Tribute Portfolio Hotel, London

4.8
Exceptional
3,014 reviews
8 nights
US$72
image

Great Northern Hotel, a Tribute Portfolio Hotel, London

4.8
Exceptional
3,014 reviews
8 nights
US$72
US$72
US$72
US$72
US$72
US$72
US$72

Google
Map data ©2023 Google
Map data ©2023 Google
This page can't load Google Maps correctly.
Do you own this website?