Опис
8 ми декември
П Р О Л О М Б А Њ А
ХОТЕЛ РАДАН 3*
Пролом бања се наоѓа во општина Куршумлија. Позната е по лековитите извори, лековита кал и вода. Покрај лековитите дејствија претставува и природна воздушна бања. Место за рехабилитација ,рекреација, одмор и конгресен туризам. Лековитата вода се користи за болести на бубрези, органи за варење, кожни болести, крвни садови и реуматизам.
1.Ден 07.12.2024 СКОПЈЕ – ПРОЛОМ БАЊА
Состанок на групата во 05.30 часот на паркингот кај спортската сала Борис Трајковски (кај пералните). Поаѓање во 06.00 часот. Патувањето се одвива со попатни паузи за одмор и обавување на царински формалности. Пристигнување во Пролом Бања околу пладне, и сместување по соби. Ручек. Слободно време за одмор, релаксација и користење на услугите од СПА Центарот на хотелот. Вечера. Ноќевање.
2.Ден 08.12.2024 ПРОЛОМ БАЊА
Појадок. Факултативна посета со автобус и локален водич (дококу временските услови се поволни) до локалитетот Ѓавола Варош, мистичен споменик на природата . Враќање во хотел. Ручек. Слободно време за користење на СПА услугите на хотелот. Вечера. Ноќевање.
3.Ден 09.12.2024 ПРОЛОМ БАЊА - СКОПЈЕ
Појадок. Напуштање на собите . Организирана прошетка низ Пролом Бања до единствената црква брвнара во овој крај, Лазарица, позната по единствениот светски мистичен феномен. По враќањето од прошетката поаѓање за Македонија. Патувањето се одвива со кратки поапатни паузи за одмор и царински формалности. Пристигнување во Скопје во вечерни часови.
Цена на аранжманот - 155€/9.600 ден
Во понудата е вклучено
* автобуски превоз на наведената релација
* Сместување во Хотел Радан 3* во двокреветни соби на база 2 ноќевања (пролом вода во сите соби, ТВ, бањарки и фен за коса).
* Исхрана на база полн пансион - појадок, ручек и вечера (шведска маса).
* Користење на Спа центар ( отворено - затворен базен со Пролом Вода, сауна, солена соба, џакузи, парна бања, тепидариум)
* Користење теретана и фитнес сала
* Користење сала за рекреација
* Излет до црквата Лазарица
* Организација и реализација на патувањето
Во понудата не е вклучено
* патничко осигурување.
* Излет до Ѓавола Варош со локален водич со автобуски превоз и влезница - 5€ (доплата во автобус)
* Индивидуални трошоци..
Попусти и Доплати
- Дете до 7 год. во придружба на 2 возрасни на дополнителен кревет (фотеља на спуштање) бесплатно во хотел плаќа само превоз 35€/2.170ден (на барање)
- Дете 7-12 год. во придружба на 2 возрасни на дополнителен кревет (фотеља на спуштање) плаќа 80€/ 4.960ден (на барање)
- Трет возрасен на дополнителен кревет плаќа полна сума (на барање)
- Доплата за еднокреветна соба 30€/1.860 (на барање)
- Доплата за одбирање на ред на седење во автобус - 10€ /620ден
- Доплата за дополнително седиште во автобус -35€/2.170ден
- Намалување за сопствен превоз -10€/620 ден.
Реализација на понудата или откажување
- За патувањето е потребно да поседувате валиден биометриски пасош или валидна лична карта.
- За реализација на патувањето потребен е минимум од 45 патници.
- За резервација потребна е задолжителна уплата на депозит од најмалку 30% доплата најдоцна до 2 недели пред поаѓање.
- Цените се дадени во евра за уплата исклучиво во денарска противвредност по курс 1€=62мкд.
- Цените се дадени по лице за сместување во двокреветни соби за најмалку 2 лица во соба.
- Реализацијата на излетите е во зависност од временските услови, организаторот го задржува правото во случај на неповолни временски услови да ги откаже излетите.
- Агенцијата го задржува правото за отказ на аранжманот најдоцна до 7 дена пред поаѓање доколку не е исполнет бројот на пријавени лица предвидени по програмата за ова патување.
- Организаторот го задржува правото за промена на редоследот на активности во програмата, во случај на потреба.
- За ова патување важат Општите Услови за Патување на СКТМ и ТА Скаут