logo icon
Вчитување...

Нова Година во Истанбул 2026-та (3 ноќи)

Турција, Истанбул

Опис

Најважната причина поради која треба да се препуштите на нашиот тим е можноста за избор на Дочек на најлудата ноќ во годината! Дочек на приватен брод со 4 часовно крсатрење.

Тоа сме ние, а ова е новата програма за Нова Година, која годинава ќе биде надополнета со новитети!

Интересот е голем, а местата на нашите журки се строго ограничени! Влезниците се резервираат при самата уплата на аранжманот.

Поаѓање во Истанбул ОД ЦЕЛA МАКЕДОНИЈА!

Задолжителна уплата од 15 евра депозит за Новогодишната прослава

ЦЕНА 159ЕВРА



План и програма
ПРВ ДЕН 30.12.2025 (вторник)
Нашите водичи се добро обучени и искусни во спроведувањето на протоколот за безбедност при патувањето. Турата стартува од паркингот на Хотел Русија околу 16:00 часот од Скопје. Попатни застанувања за качување на други патници, ноќно возење со попатни паузи, царински формалности, презентација на програма и информации околу тоа што ги очекува патниците во наредните четири дена.

ВТОР ДЕН 31.12.2025 (среда)
Пристигнување на групта во Истанбул
Групата се упатува кон хотелот заедно со својот багаж, каде истиот се остава во просторија предодредена за чување на багаж. Туристичкиот придружник е задолжен за комуникација со вработениот на рецепцијата во хотелот каде според список на уплати во канцелариите на агенцијата се делат клучевите од хотелските соби. Chech in во хотелот е после 14:00 час. По самото пристигнување (околу 10ч.)патниците се упатуваат на пешачка тура до Капали Чаршија, Сината Џамијиа и Света (Аја) Софија каде заедно со водичот ќе бидат одведени до влезот, а враќањето кон хотелот е индивидуално бидејќи се наоѓаат на 20 минути пеш од хотелите а секој би сакал да има слободно време и приватност при пазарувањето и разглед во чаршијата и околината.
Капали Чаршија е најголемиот покриен пазар во светот, со преку 3000 продавници. Чаршијата се наоѓа во внатрешноста на Цариградските ѕидини, во стариот дел на градот во населбата Фатих. До еден од главните влезови во чаршијата се стигнува преку плоштадот Бајазид, на кој се наоѓа Истанбулскиот универзитет и џамијата Бајазид II.
Света (Аја ) Софија Невозможно е да поминете низ овој град без да влезете во оваа светски позната византиска градба од 6-тиот век. Влегувањето во оваа џамија е иднивидуално бидејќи секојдневно доаѓаат илјадници посетители и редиците за влез во истата се преголеми, се чека по неколку часа. Станува збор за најголемата црква во светот која претрпела неколку трансформации-од црква во џамија, од џамија во музеј, па повторно во џамија која сè уште ја красат христијански елементи. Во договорено време, се враќаме во хотел. Слободно време за одмор и подготвување за Новогодишната прослава.

ТРЕТ ДЕН 01.01.2026 (четврток)
Појадок. Слообдно време. Во 12 часот започнваме со факултативи.
Крстарење по Босфор
Ви нудиме еден час крстарење, незаборавно доживување, еден поинаков Истанбул. Сите луксузни вили кои вредат милиони од познатите серии, Босфорскиот мост под кој може да фрлите паричка и замислите желба како и знаменитостите одблизу за кои ќе ја слушнете историјата од нашиот локален водич, сето ова може да го доживеете. Не сонувате. Локалниот водич ќе се погрижи ова крстарење да го доживеете на вистински начин. На крстарење тргнуваме од европската страна на Истанбул а бродот не остава во азискиот дел на Истанбул.
Балат
Балат важи за една од Христијанските населби во Истанбул каде што може да се сретнат многу цркви, меѓу кои и Железната црква која е донација и е изградена од вештите раце македонски мајстори, кадешто е закопан Партеније Зоографски. Додека сме во Балат се посетува Христијанската Патријаршија, кадешто ќе може да влезете индивидуално. По посетата групата има слободно време околу час и половина за прошетка по уникатните историски шарени улички, имате можност да ги доловите моментите каде се снимаат турските серии и да се напиете турско кафе, варено на песок.
Таксим плоштад
Главниот центар на градот, на кој се одржуваат главните митинзи и прослави! Покрај Таксим поминува познатата улица „Истикал“ на која се движи познатиот трамвај! На Истакал сенаоѓаат познатите дискотеки и кафулиња, а за љубителите на шопингот гарантираме дека ќе изгубат ориентација за време бидејќи има премногу продавници. Ова значи дека групата има идеална можност за поминување на слободно време, за сечиј вкус.

ЧЕТВРТИ ДЕН 02.01.2026 (петок)
Појадок. Слообдно време. Во 12 часот започнваме со факултативи.
Ортаќој (околу 16ч.)Претставува една од најпознатите туристички области во Истанбул. Се наоѓа во Европската област веднаш под Босфорскиот мост. Од една страна погледот Ве води кон големата Меџидие џамија, позната како Ортакој џамија. Ортакој е срцето на Истанбул и како таков е далеку од здодевен. Токму ова место претставува вистинско уживање за сите оние кои сакаат да го пробаат трафиционалниот специјалитет Турски компир, којшто го полните по ваш избор, од кисели краставички, пленка, маслинки до разни сосови, и да ги направат најубавите фотографии. Како што денот заминува, во вечерните часови така енергијата на Ортакој се зголемува и почнува да се шири музика од околните кафулиња и барови. Не пропуштајте да пробате од школките кои се продаваат покрај брегот.
Миниатурк е доказ за богатата историја и архитектонската величина на Турција. Овој музеј на отворено, лоциран во Истанбул, прикажува прецизно изработени минијатури на познати знаменитости од целата земја.
Секоја минијатурна структура е придружена со детални информации за нејзиното историско значење.

ПЕТТИ ДЕН 03.01.2026 (сабота)
По појадокот во хотелот следува одјавување околу 10ч. и посета на продавницата за слатки работи”KOСКА“, тука можете да си земете нешто и за дома-локуми, баклави,чоколадирани ф’стаци, лешници и бадеми и многубројни други традиционални слатки. Од Коска се упатуваме на шопинг во Аутлетот 212 во Истанбул.
Нашата програма е создадена да одговара на потребите на секој патник.
Од историја, култура, животен стил па се до шопинг.
Во трговскиот групата ќе има околу два ипол до три часа слободно време за шопинг. По шопингот, поаѓање кон Македонија.
Предвидено е пристигнување после полноќ во Скопје.

Во понудата е вклучено

• Три ноќевања во хотел со 3* со појадок
• Автобуски превоз
• Лиценциран туристички водич
• Посета на Капали Чаршија
• Посета на турската продавница „Коска“
• Шопинг во 212 центарот
• Туристичка такса

Во понудата не е вклучено

• Патничко осигурување
• Факултативи излети
• Индивидуални трошоци

Попусти и Доплати

Факултативни излети
Посета на Миниатурк и Ортаќој
Цена за пакет: 30е

Крстарење по Босфор, Балат и Таксим Плоштад
Цена за пакет: 50е

Дочек на Нова Година на брод на Босфор
Цена за пакет: 100е
• Пакет цената по лице за дочекот на Нова Година на брод на Босфор вклучува:
• Влезница на приватен брод на Босфор кој ќе биде организиран исклучиво за гостите на ЕТА, 4 часовно крстарење
• Целосна организација и координација од наш тим кој ќе ве спроведе до журката и назад
• Организиран превоз од хотел до пристаниште и назад
• Организирани и резервирани конопои за секој гостин
• Вклучени 3 алкохолни или 3 безалкохолни пијалоци
• Вклучена храна за време на забавата
• Изведучачи во затворениот простор и отворениот простор на бродот
• Професионално фотогафирање
+ Можност за купување на пијалоци по најниска цена

Промо пакет
Цена за пакет: 140е
Промо пакетот ги вклучува факултативите Дочек на Нова Година,Крстарење по Босфор, Балат и Таксим плоштадот.

Реализација на понудата или откажување

Важно
ЗАДОЛЖИТЕЛНА ПРОВЕРКА НА ПАСОШОТ
При самата резервација, задолжително изјаснување на патникот за присуство на новогодишна забава.
Пасошот не треба да е на 6 месеци пред истекување од моментот на влез и излез од Р. Турцијa.
Цените се изразени во евра, а курсот на еврото се пресметува 62 денари.
За сингл соба се доплатуваат 50 евра дополнително од аранжманот поради вториот кревет.
Деца од 0 – 3 години бесплатно (спијат во кревет со родител).
Деца од 3 до 12 години плаќаат 50% од износот на аранжманот доколку се придружувани со двајца возрасни.
Дете до 12 години придружувано со едно возрасно лице плаќа 100% од сумата на аранжманот.
Хотелот одредува на лице место во зависност од моменталната состојба каков тип на соба ќе добиете.
Резервации за одреден кат или страна не е можна.
Селекција на седиште во автобус! Според правилата на агенцијата, патниците се сместуваат според временската линија на уплати.
Доколку имате барање за седиште, истото се доплаќа 15 евра за во два правци.
Патувањето ќе се реализира преку Република Грција (дозволен транзит) до Турција, во итни случаи пркеу Бугарија.

Filters
Popular Filters
Nightly Price
$0 - $500
Amenities
Star Rating
1
2
3
4
5
Guest Rating
Style
Neighborhood
3,269 properties in Europe
image

Great Northern Hotel, a Tribute Portfolio Hotel, London

4.8
Exceptional
3,014 reviews
8 nights
US$72
image

Great Northern Hotel, a Tribute Portfolio Hotel, London

4.8
Exceptional
3,014 reviews
8 nights
US$72
image

Great Northern Hotel, a Tribute Portfolio Hotel, London

4.8
Exceptional
3,014 reviews
8 nights
US$72
image

Great Northern Hotel, a Tribute Portfolio Hotel, London

4.8
Exceptional
3,014 reviews
8 nights
US$72
image

Great Northern Hotel, a Tribute Portfolio Hotel, London

4.8
Exceptional
3,014 reviews
8 nights
US$72
image

Great Northern Hotel, a Tribute Portfolio Hotel, London

4.8
Exceptional
3,014 reviews
8 nights
US$72
image

Great Northern Hotel, a Tribute Portfolio Hotel, London

4.8
Exceptional
3,014 reviews
8 nights
US$72
US$72
US$72
US$72
US$72
US$72
US$72

Google
Map data ©2023 Google
Map data ©2023 Google
This page can't load Google Maps correctly.
Do you own this website?