Вчитување...
Лутраки – 8ми Март
Грција, Лутраки
Опис
Л у т р а к и – 8 МИ март
(08/09.03)
Пожарско или на грчки Лутраки е село во Мегленско односно во Егејска Македонија.
Под името Пожар тоа било познато до 1922 година. Пожарско се наоѓа во северозападниот дел од котлината Меглен, во зелените делови на планината Кајмакчалан, на само 13 километри од градот С’ботско. Лутраки е претставен како дар од природата кој е опколен со бујна вегетација, бројни манстири, потоци, а најпознати од се се топлите бањи. Тука во Лутраки топлите бањи се со температура на водата од 37 до 38 степени Целзиусови. Водите се лековити и се препорачуваат за болни од ревма, ишијас, бронхит, дерматолошки и гинеколошки, и респираторни .
Воден или на грчки Едеса е град во Егејска Македонија, северозападно од Солун. Тој во минатото, односно до 1923 година бил познат како Водена или Воден. Преку железничката пруга, Воден е поврзан со Лерин и Битола кон запад, а на југоисток со Солун. Главен белег на Воден е водопадот Керано или некои како што знаат да кажат Керанос.
Опис на патувањето:
08.03 САБОТА Тргнување во 06:00 часот ( состанок на групата на паркинг Борис Трајковски)
• Патувањето води кон граничен премин Богородица. Пауза за цариснки формалности и одмор.
• Предвидено време за пристигнување во утринските часови. Сместување во хотел. Слободно време за индивидуални активности како и можност за користење на бањите. ( организирана свечена вечера). Ноќевање.
09.03 НЕДЕЛА Појадок.Во договорено време со групата се упатуваме кон Воден. Групна посета на водопадите и слободно време за индивидуални активности и прошетка низ Воден.
• Поаѓање во 17.00 часот.
ЦЕНА на аранжманот: 7.130,00 денари
Понудата вклучува:
• 1 ноќевање со појадок во хотел во Лутраки
• СВЕЧЕНА ВЕЧЕРА
• Посета на водопадите и градот Воден.
• Превоз на наведената релација
• Организација и водство на патувањето.
Понудата не вклучува:
• Влез за користење на бањите кој се плаќа на лице место