Опис
СУТОМОРЕ – ПЕРАСТ – КОТОР – ПОРТО МОНТЕНЕГРО - БУДВА – ОСТРОГ -ДУБРОВНИК
4 дена/ 3 ноќевањa и превоз
22.10.2026 ЧЕТВРТОК
Состанок на групата во 14,00 часот кај Борис Трајковски, поаѓање за Црна Гора. Се патува преку Косово и Албанија со попатни паузи. Пристигнување во вечерните часови. Сместување. Ноќевање.
23.10.2026 ПЕТОК (ПОРТО МОНТЕНЕГРО – ПЕРАСТ-КОТОР - БУДВА)
Во 10.00 часот поаѓање за Тиват (факултативно) можност за прошетка и уживање во ново изградениот луксузен комплекс Порто Монтенегро. Станува збор за едно уникатно место во Тиват – спој на Монте Карло, Сен Тропе... Главен инцеститор е канадскиот милијардер Питер Манк кој го купува старото воено бродоградилиште и го претвора во марина за мега јахти, луксузни хотели, продавници и ресторани. Пауза од 2 часа. Патувањето го продолжуваме со траект до Пераст.
Пераст е мал град кој се наоѓа помеѓи Рисанскиот и Бокакоторскиот залив. Пераст со сигурност е една од најатрактивните дестинации во Бокакоторскиот залив. Овој мал стар град е специфичен по многу нешта. Низ историјата ова место многумина сакале да го освојат од Византиското царство па до австриијците и секој од нив оставил свој белег во градот. Денес Пераст е една од најлуксузните дестинации во Црна Гора, во градот има голем број на музеи и цркви (најпозната е Св. Никола која датира од 17 век и има камбанарија висока 55 метри), а секако главна атракција е островот Госпа од Шкрпеља.
Госпа од Шкрпеља е вештачки остров пред Пераст направен во 15век. Црквата е изградена 1630 година. Има мермерен олтак во кој се наоѓа познатата икона Госпа од Шкрпеља – заштитник на морепловците, дело на Ловр Добричевиќ. Во црквата се наоѓа и гобленот кој од 1803-1828 година го везела Јаница Куниќ, додека го чекала својот маж морепловец, а за одредени делови се извезени од нејзината коса.
Продолжуваме кон Котор, град под заштита на УНЕСКО и еден од најубавите градови. Во Котор може да се видат Столбот на срамот, Саат кулата, Катедралата Св.Трифун, Црквата Св.Никола.... Слободно време од 2 часа за прошетка низ градот. Враќање во Сутоморе со попатна пауза во Будва. Ноќевање.
24.10.2026 САБОТА (ДУБРОВНИК)
Состанок на групата во 08 часот и поаѓање на целодневен факултативен излет до Дубровник е еден од најатрактивните и најпознати градови на Јадранот. Го чуваат градските ѕидини поделен од Страдун главната улица, заштитен од Св.Влах...разглед на градот со локален водич, а потоа и слободно време за индивидуална прошетка. Попладне враќање во Сутоморе. Ноќевање.
25.10.2026 НЕДЕЛА (ОСТРОГ- СКОПЈЕ)
Во 09.00часот поаѓање за Острог. Посета на манастирот кој датира од 17 век, основан од Василие Острошки. Се посетуваат Горниот Манастир, Долниот Манастир и црквата која се наоѓа помеѓу Горниот и Долниот Манастир. Околу 14 часот патувањето го продолжуваат кон Македонија. Пристигнување во Mакедонија во вечерните часови.
ЦЕНА:4200 денари
со задолжителна резервација на една факултатива
*Аранжманот е од туристички карактер со цел да се посетат сите предвидени места во програмата